Нели Фуртадо, Тов Лу, Сиги Луис ја промовираа „Love Bites“

Јас го испуштив, но минатата недела, Нели Фуртадо (Nelly Furtado) го објави својот нов фантастичен сингл „Love Bites“ (се чита Лов бајтс). Песната е соработка со шведската поп пејачка Tove Lo (Тов Лу) и британскиот диџеј SG Lewis (Сиги Луис). Излезе на 22 мај 2024 и веќе почна да се искачува на топ листите.

Love Bites ја напишаа и продуцираа Nelly Furtado, Tove Lo и SG Lewis. Nelstar Entertainment го објави синглот.

Од 2023 година, пејачката презентираше три соработки. Работеше со Dom Dolla на „Eat Your Man“, со Justin Timberlake и Timbaland работеше на одличната песна „Keep Going Up“, а на “Gala y Dalí,” таа содработуваше со Juanes.

Минатата година, нови фанови ја откриваа музиката на Фуртадо. Платформите како ТикТок (TikTok) обезбедија нови обожаватели на нејзината музика, а диџеите брзо го следеа трендот со ремикси. Пејачката неодамна го припиша своето „враќање“ во музичкиот свет на диџејската заедница.

Почувствував дека диџејската заедница повторно ме повикува кон музика. Диџеите направија ремикс на моите песни и ги вртеа на концерти, во клубови и на социјалните мрежи, и сфатив колку луѓето сакаат да танцуваат и да „побегнат“ со мојата музика. Тоа е најздравиот порок што можеш да го имаш и ми се допаѓа можноста да пишувам музика која им дозволува на луѓето да „побегнат“.

Нели Фуртадо

Не е јасно дали Нели Фуртадо ќе ја вклучи „Love Bites“ во нејзиниот следен албум.

Објавувањето на „Love Bites“ дојде речиси истовремено со „Say It Right“, кој достигна милијарда прегледи. Тоа е првото видео на пејачката во Billion Views Club. Беа потребни 15 години за видеото да ја постигне потребната гледаност, но тоа е огромна и ретка пресвртница.

Фановите на Нели Фуртадо можат да го видат нејзинито име заедно со останати фантастични изведувачи во лајнапот на фестивалот Еlectric Forest 2024, но и како дел од лајнапот на фестивалот Hard Summer. Таа требаше да настапи на фестивалот Lovers and Friends, но тој беше откажан поради лошите временски услови.

За сите љубители на гитарата, не пропуштајте го интервјуто со Шон Кели (Sean Kelly), гитаристот на Нели Фуртадо, во поткастот Denim and Leather (превод: Тексас и кожа).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи