Ако пред 30 години, некој ми кажеше дека еден ден ќе бидам фасциниран од поп-фолк (или може подобро да кажам кантри музика) песна што колку повеќе ја слушав, толку повеќе ми се допаѓање, само ќе се насмеев и се разбира, немаше да верувам во тоа. „Dial Drunk“ од Ноа Кахан (Noah Kahan) и Пост Мелоун (Post Malone) ме вовлече во претходно опишаното неверојатно сценарио.
Јас, младиот панк рокер, ќе фрлав со дрва и камења на секој што слушаше и сакаше фолк музиката. Но, погледнете ме сега: уживам да слушам фолк-поп мелодија и да пишувам позитивна рецензија за неа. И не се гордеам со сите негативни помисли за оние што ја сакале фолк музиката, што сум го правел во името на некој што веќе не можам да го препознаам.
„Dial Drunk“ (слободен превод: телефонирам пијан) од Ноа Кахан и Пост Мелоун е песна што ја допира душата и вешто ја спојува емотивната лирика со мелодичен, поп-фолк (кантри-поп) звук, создавајќи извонредно слушачко искуство. Песната го одразува препознатливиот глас на Кахан, кој има топол, искрен квалитет и кој делува утешно и евокативно.
Сѐ на сѐ, „Dial Drunk“ е уште еден доказ за способноста на Ноа Кахан да создава песни што длабоко резонираат со неговата публика. Тоа е песна што го истакнува неговиот талент како текстописец и изведувач и зборува за универзалното човечко искуство, правејќи ја препознатлива и незаборавна.
Но, ајде да се нурнеме во магијата на песната и да ги разложиме нејзините елементи. Можеби ќе ве инспирирам да слушнете и нешто повеќе од Ноа Кахан, да ја најдете вашата следна омилена песна-сродна душа, а можеби дури и ќе ве поттикнам да отидете на некој од неговите концерти од неговата турнејата во 2024 година.
За музиката
Музички, песната се одликува со богат акустичен аранжман кој го надополнува вокалот на Кахан. Звукот на бенџото е особено забележлив и обезбедува смирувачки и среќен амбиент, но со динамична позадина што ја зголемува емоционалната длабочина на песната. Продукцијата е чиста и ненатрупана, што дозволува природната убавина на мелодијата и текстот да блеснат.
Ми се допаѓа и едноставниот ритам на тапанарот, кој ме потсетува на некои од моите омилени панк рок нумери. Можеби тоа е зачинот во „Dial Drunk“, кој ја задева мојата потсвест и резонира со сеќавањата од моите тинејџерски панк денови.
За стиховите на „Dial Drunk“
Песната на Ноа Кахан „Dial Drunk“ е емотивно и промислено музичко дело кое зборува за предизвикувачки лични прашања, нарушени врски и како луѓето понекогаш си нанесуваат емоционална штета. Зборовите на песната даваат јасна слика што им помага на слушателите да разберат теми како што се жалењето, зависноста и сопственото преиспитување.
Песната започнува со одлучувачки момент кога пејачот признава дека се обидува да заборави некого за време на една дождлива ноќ, создавајќи тажно расположение. Тој вели дека пијан се јавува кај некого и на тој начин не воведува во низа искрени изјави за тоа како се чувствува и за грешките што ги прави.
Еден од најзначајните делови во песната искрено ги прикажува внатрешните борби на протагонистот од песната, пренесени преку вокалот на Ноа и Мелоун кој на моменти вокално му се придружува. Стиховите „I ain’t proud of all the punches that I’ve thrown / In the name of someone I no longer know / For the shame of being young, drunk, and alone“ (слободен превод: „Не се гордеам со сите удари што ги задавав / Во име на некој што веќе не го познавам / За срам што сум млад, пијан и сам“) се повторуваат низ песната и зборуваат за жалење и признавање на своите погрешни постапки. Во овој дел може да се препознае секој кој се соочил со слични тешки времиња.
Песната стимулира сценарио на осаменост преку стиховите како „Traffic lights and a transmitter radio“ (слободен превод: Семафори и радио станица) за да ја прикаже осаменоста и загубата на протагонистот. Овие слики помагаат да се претстави личност која се обидува да го најде својот пат низ животните предизвици, чувствувајќи се напуштено.
Во песната се чувствува и силната доверба кон некој друг, дури и во криза, кога вели: „I gave your name as my emergency phone call“ (слободен превод: „Го кажав твоето име кога ме праша полициската контрола за мојот единствен итен телефонски повик што го имам“). Овој момент и недобивањето одговор на наговиот повик кон саканата, кој е повик за помош и воедно признание на грешките, додаваат слој на предавство и очај во приказната.
Песната постојано се враќа на рефренот и мост, кој отсликува како пејачот продолжува да се соочува со истите проблеми и чувства, нагласувајќи ја тековната борба со личните демони и желбата за мир или крај на овие негови проблеми.
Стихот „I dial drunk, I’ll die a drunk, I’ll die for you“ (слободен превод: „Телефонирам пијан, ќе умрам пијан, ќе умрам за тебе“) на песната ѝ дава љубовен тон. Преку музиката, тој ги прифаќа своите грешки од минатото – тој е целосно ментално поразен, можеби поради истата личност што се обидува да ја повика со единствениот телефонски повик што го има. Тој е душевно соголен и искрен и му ја признава својата љубов на оној на кого се обидува да му се јави и за кого признава дека е подготвен да умре. Ми се допаѓа овој стиховен епилог.
Текстот на песната на англиски јазик може да го најдете на Lyricfind.com.
Вокалите на Кахан и Мелоун
Гласовите на Ноа и Мелоун звучат ентузијастички и енергично, полни се со волја за живот. Во момент на сурово, емотивно откровение, болката на главниот протагонист која Ноа трогателно ја искажува преку неговата возбудлива изведба длабоко ме трогнува. Додека пее: „I dial drunk, I’ll die a drunk, I’ll die for you“, особено од потресната 66-та секунда од песната, чувствувам како неговата болка одѕвонува во самата длабочина на мојата душа, одекнувајќи потресна вистина која се задржува долго откако музиката ќе избледи. Ова е брилијантно уметничко дело.
И откако ќе ја понесе душата во момент на сурова искреност, над него надоаѓа бран на чиста волја за живот. Токму во овој ранлив исход, гласовите на Ноа и Мелоун прснуваат со експлозивна енергија извикувајќи: „Fuck that, sir, just let me call!“ во 157-та секунда. Ова делува како моќно будење од темна, депресивна магла, одлучувачка пресвртница каде што главниот лик го избира својот пат напред. Соочен со момент на криза, итноста на неговиот повик – очајна молба за помош – одекнува длабоко. Ова не е каков било повик; ова е повик на неговата волја за живеење; ова е повик до неговата сакана. Додека двата гласа се спојуваат, тие ги канализираат интензивните емоции на главниот лик и тој бурно се судрува во полициска кола. Тоа е сцена што ја замислувам во овој дел од песната, толку живописна што ми прави морници по ‘рбетот.
Кои се авторите на „Dial Drunk“?
Автори на песната се Остин Ричард Пост (Пост Мелоун), Ноа Кахан и Ноа Исак Левин.