„Лоша“ е називот на песната на фоклерката Стојне Николова што заедно со музичкото видео беа објавени на 10 април 2024.
„Со гордост ви го претставувам мојот најнов проект “ЛОША”.?
објави Стојне на својот Фејсбук профил на 10 април.
Работено е со многу внимание и љубов.
Се надевам ќе ви се допадне.
Ги очекувам вашите коментари.❤️“
Музичкото видео за песната „Лоша“
Со нејзините активности на социјалните мрежи Николова покажува дека го разбира модерното време и во секоја прилика комуницира со својата публика преку нејзините редовни објави на фотографии, илустрации и кратки видеа. Фолкерката знае добро со каков сексапил располага и тоа успешно го користи како еден од нејзините квалитети во секое визуелно изразување кое оди во прилог на нејзините песни и нејзината музика. Музичкото видео за песната „Лоша“ на Стојне Николова не е исклучок на претходно напишаното.
Како глумци во музичкото видео се наведени Ивана Димитрова, Теодора Цветановска, Константин Станковски и Дарио Нојкич. Стилистката за видеото е Ива Спасовска, а за шминката и фризурата е одговорен Даниел Николовски. Продуцентот на ова издание е Мојсо продукција.
Авторите на песната „Лоша“
Авторот на музиката и аранжманот е Бобан Мојсовски, воедно тој е и режисерот на музичкото видео. Како автор на текстот се потпишува Борче Димитров.
Колку години има Стојне Николова?
На 4 септември 2024 струмичката фолкерка ќе полни 30 години. Таа е повеќе од 10 години на македонската естрада и полека но сигурно влегува во кругот на најпопуларните македонски фолк пејачки. Таа има настапи низ цела Македонија но и во странство. Една од нејзините последни турнеи надвор од Македонија е мини турнејата во Австралија во октомври 2023 година.
Доколку ви се допаѓа песната „Лоша“ на Стојне Николова и музичкото видео, наша препорака е да го погледнете и музичкото видео за песната „Тик Ток“ на Сузана Гавазова.