Како да ги пренесете песните од Apple Music на Spotify?

Дали сте корисник на Apple Music (се чита: Епл мјузик) кој сака да се пресели на Spotify (Спотифај), да префрли библиотека или плејлиста на Apple Music во Спотифај и дали тоа трае долго? Поедноставен и полесен начин за преместување на целата библиотека со песни е со користење на сервис од трета страна.

Едно нешто што Apple го прави исклучително добро е што знае како да ги задржи клиентите на платформата. Не постои едноставен начин за преместување апликации или податоци; дури и преместувањето на плејлистите е заморно. Секој би сакал да слуша музика наместо рачно да копира песна по песна од една библиотека во друга. За среќа, неколку сервиси нудат слична функционалност, која ни овозможува да ја пренесеме песна или плејлистата на Apple Music на Spotify или на други платформи.

Лесно преместете ја вашата Apple Music на Spotify со помош на апликација

Неколку платформи нудат иста функционалност и имаат слични барања. Ќе се обидеме да се фокусираме само на оние што се користат најчесто, како што се: SongShiftTuneMyMusic, Soundiiz, или MusConv. Користењето е едноставно: преземете ја апликацијата и поврзете ги сметките на Apple и Spotify. Потоа, најдобро би било да ги изберете плејлистите што сакате да ги пренесете. Најдобриот дел од ова е што можете да следите едноставен, јасен процес, кој речиси не одзема време.

SongShiftTuneMyMusicSoundiizMusConv
Бесплатно✔️✔️Бесплатно без регистрацијаПробна верзија
ПретплатаОд $6.99/месечноОд $4.50/месечноОд $4.50/месечноОд $12.99/месечно
MangesПлејлисти, албуми или изведувачиПлејлиста и библиотекаПлејлисти, омилени песни, албуми или изведувачиПлејлисти, албуми или изведувачи
Spotify✔️✔️✔️✔️
Apple Music✔️✔️✔️✔️
YouTube✔️✔️✔️✔️
YouTube Music✔️✔️✔️✔️
DEEZER✔️✔️✔️✔️
Tidal✔️✔️✔️✔️
Amazon Music✔️✔️✔️✔️

Дали користењето апликации од трета страна е безбедно?

Накратко, да, безбедно е, но препорачуваме откако ќе ја завршите работата и ќе ги пренесете вашите плејлисти, да ги поништите сите дозволи дадени за апликацијата што ја користевте.

Ова е одлично прашање што го забележавме додека истражувавме за што зборува заедницата. Потоа, решив да напишам нешто накратко за прашањето.

Како по правило, ако не сте сигурни дали некое дејство ќе ја загрози безбедноста на вашата сметка, тогаш не правете го. Апликациите како SongShift и Soundiiz користат API конекции. Акредитиви се потребни само за овластени дејства, како што е пристап до вашата музичка библиотека или плејлистите.

Исто така, ако користите изворна мобилна апликација за iOS, Apple добро ги проверува апликациите за злонамерен код или безбедносни ризици.
Уште еднаш, откако ќе ја искористите API конекцијата, добра практика е истата да ја поништите.

Можни очекувани проблеми

Еден од проблемите што треба да ги очекувате е дека некои песни може да ги нема на некои платформи. Во овој случај, при преносот оваа песна ќе биде прескокната. Истото треба да се очекува и со ексклузивните албуми на платформата. Ова не е стандардна практика во последно време, а музиката е слободно достапна на повеќето платформи.

При долга листа, процесот на импорт може да потрае. Ако имате какви било проблеми со конкецијата при импортирањето, рестартирајте го процесот.

Користење на SongShift

SongShift  има премиум претплата, но не ви треба премиум верзија на апликацијата за да ја преместите библиотеката. Само преземете ја бесплатната апликација и стартувајте ја. SongShift ќе ви помогне да импортирате музика од многу музички сервиси, а Apple Music е само еден од нив. Освен за Apple Music и SongShift, можете да го користите за Amazon Music, Deezer, Discogs, HypeMachine, LastFM, Napster, Pandora, Qobuz, Tidal и YouTube.

Ќе ги забележите овие ознаки на листата со достапни сервиси во апликацијата: Source Only или Source and Destination. Погодивте. Source Only значи дека можете само да ја читате листата со музика, а Source and Destination значи дека можете и да ја читате и да ја користите како дестинација за музиката.

Прво, треба да поврзете два сервиси. Од листата, избирате Apple Music; ќе добиете известување за поврзување и споделување податоци; дозволете. Потоа, на сличен начин, избирате Spotify. Избирате „Continue“ и „Get Started“. Во горниот десен агол, кликнете на знакот “+”. Ќе ве поздрави прашањето: „What would you like to transfer?“ Сега го избирате изворот. Во нашиот случај, тоа е Apple Music.

Ако сакате да ја пренесете библиотеката или плејлистата на Apple Music на Spotify, кликнете на „Song“ и изберете „Full Library Transfer“. Слично на тоа, можете да изберете „Playlist“ и потоа рачно да ја изберете плејлистата или да ги изберете сите. По ова, изберете „Confirm“ од горниот десен агол. Следно, изберете Spotify и изберете „Start Shifts“.

Ќе бидете однесени на екранот за обработка и штом таа ќе заврши, можете да изберете „Review“, каде што ќе треба да ги порврдите совпаѓањата со „Confirm Matches“.

Целиот избор треба да се премести во вашата библиотека Spotify, освен ако не постои ексклузивна содржина.

Користење на MusConv

MusConv додава уште повеќе музички платформи за избор при пренесување музика. Компромисот е тоа што не е бесплатен. Неговата претплата започнува од $12,99, или можете да ја купите услугата за $177. Ако тоа не е проблем, процесот е прилично едноставен.

Прво, можете да го изберете сервисот од кој сакате да пренесете музика и да се најавите во него. Во нашиот случај, тоа е Apple Music. Изберете песни или плејлисти што сакате да ги пренесете и кликнете на копчето „Transfer“. На следниот екран, изберете го сервисот на кој сакате да ги преместите песните, како Spotify. Пријавете се во него. По кратко пребарување и преместување, вашата музика ќе биде префрлена.

Еве кратко видео со инструкции од MusConv.

Дали може при префрлање од Apple Music да недостасуваат некои песни од Spotify?


Со повеќе од 100 милиони песни достапни на двете платформи, не треба да имате проблеми со песни што недостасуваат при преминот од Apple Music на Spotify.

Колку песни има на Spotify?

Spotify е шведска компанија основана во 2006 година од Даниел Ек. Таа е една од најголемите платформи за музички онлајн стриминг. Таа има над 100 милиони песни за љубителите на музиката ширум светот. Покрај тоа, Spotify нуди 5 милиони поткасти. Ако сакате да читате, платформата има обемна библиотека со над 350.000 аудио книги.

Според Demandsage, на Spotify има 11 милиони изведувачи и автори. Во просек, корисниците поставуваат 1,8 милиони песни на платформата месечно.

Колку песни има на Apple?

Apple Music е платформа за музички стриминг создадена од Apple. Платформата има сличен број песни како Spotify, околу 100 милиони. За разлика од Spotify, таа не нуди бесплатен план, а недостасуваат поткасти или аудио книги.

Квалитет на звукот: Apple Music наспроти Spotify

Spotify нуди две нивоа за својата услуга: Spotify Free и Spotify Premium. Сосема очекувано, квалитетот на звукот е различен и на двете нивоа. Квалитетот на звукот зависи од брзината на интернет конкецијата. Со соодветна интернет конекција, може да очекувате квалитет на звукот од 160 kbp/s за бесплатниот план и 320 kbp/s за премиум планот.

За разлика од Spotify, Apple Music користи Apple Lossless Audio Codec. Apple ја разви оваа технологија за компресија на звук. Квалитетот на звукот со ALAC се движи од 16-bit/44,1 kHz (Квалитет на ЦД) до 24-bit/192 kHz.

Она што е интересно е што оваа технологија ги зачувува оригиналните податоци. Компромисот е што ова се многу поголеми датотеки, а уредот ќе користи повеќе податоци.

Apple MusicSpotify FreeSpotify Premium
Содржина100M песни
бесплатно додавање
100M песни
5M поткасти
350K аудио книги
поддржано додавање
100M песни
5M поткасти
350K аудио книги
бесплатно додавање
ПретплатаСтудент: $5.99
Лице: $10.99
Семејство: $16.99
бесплатноСтудент: $5.99
Лице: $10.99
Дуо: $14.99
Семејство: $16.99
Квалитет на звук16-bit/44.1 kHz до 24-bit/192 kHz.160kbit/s320kbit/s
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Дистровид - дистрибуција на музички видеа
Read More
Дистровид: Платформата за дистрибуција на музички видеа што уметниците треба да ја знаат
Откријте ја моќта на дистрибуцијата на музички видеа со Дистровид. Без напор допрете до повеќе гледачи, ангажирајте ја вашата публика и генерирајте приход.
Nirvana Nevermind Album Cover
Read More
Судот ја враќа тужбата за Нирвана поради насловната страница на албумот „Nevermind“
Американскиот рок бенд Нирвана се враќа на суд поради иконската насловна страница на албумот „Nevermind“ со пливачкото бебе Спенсер Елден.