Евровизија 2024: балкански статус во ноември 2023

Евровизија 2024. Каков е статусот на балканските земји за нивното учество во овој престижен музички настан кон крајот на ноември 2023. Натпреварувањето е популарно и на Балканот и речиси редовно сите држави испраќаат свои претставници. Евровизија 2024 ќе се одржи во Малме, Шведска. Вообичаено фестивалот се одржува во мај, а така ќе биде и во 2024 година. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 7 и 9 мај, а финалето на 11 мај. За жал според неофицијалната најава и оваа година некои од државите од регионот нема да учествуваат.

За концептот Евровизија

Без разлика дали ви се допаѓа или не, Евровизија (Избор на песна за Евровизија) е еден од настаните кои се своевиден симбол на заедништво, приближувајќи ги нациите заедно во прослава на различноста и креативноста. Покрај името, уште од своето појавување во 1956 година, Евровизија не ја ограничуваа географските граници. Станува збор за културен феномен што ги хипнотизира пред телевизорите милионите гледачи од целиот свет.

Во својата суштина Евровизија не е само музичко натпреварување. Евровизија е музички настан на кој се споделува уникатниот идентитет на секој од учесниците, преку универзалниот јазик на музиката.

Евровизија традиционално е место на кое може да се надминат политичките и културолошките разлики, а музичарите и публиката може да уживаат во духот на заедништвото.

Настанот што се одржува секоја година не само што служи како платформа на која многу изведувачи постигнуваат меѓународно признание, туку претставува и своевиден симбол на културна дипломатија, поттикнувајќи разбирање и поврзување преку границите.

Малме Арена
Фотографија на News Oresund / Malmo Arena / CC BY 2.0

Албанија

Албанија сè уште го нема избрано својот претставник за Евровизија 2024, ниту пак избрала песна за натпреварот. Изборот е закажан за 22 декември 2023 на „Festivali i Këngës #62“.

Бугарија

Во 2022 година Бугарија се повлече од Евровизија. Во моментов нема официјална најава за нејзино враќање. Она што ги возбуди обожавателите на манифестацијата во Бугарија е враќањето на официјалните профили на организаторот, па почнаа шпекулации дека Бугарија би можела да го обнови членството и да настапува на Евровизија 2024.

Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина за жал објави дека нема да учествува на годинешниот Избор за песна на Евровизија.

Грција

Грција е една од државите на Балканот што веќе го одбраа својот претставник за Евровизија 2024. Грчки претставник на Евровизија 224 во Малмо ќе биде Мартина Сати (Marina Satti / Μαρίνα Σάττι). Песната ќе биде објавена во наредниот период.

Грчкиот радиодифузер ја објави Мартина Сати во октомври 2023 во шоуто „Studio 4“. За изборот на пејачите нема гласање туку изборот се прави интерно.

Грчкиот радиодифузер ERT во соработка со Golden Records и Minos EMI е во потрага по песната. Композиторите можат да поднесуваат пријави до 1 декември 2023, по што ќе биде одбрана песната со која Мартина ќе ја претставува Грција во Малмо.

Косово

Косово не учествува на Евровизија. Националната телевизија на Косово не е членка на Европската радиодифузна унија и нема можност да учествува. Сепак Радио-телевизија Косово е во преговори со Европската радиодифузна унија и се надеваат дека ќе може да учествуваат во иднина.

Неможноста за учество не ги спречи во организирање музички настан што го симулира изборот за нивниот претставник за Евровизија. Оваа година (2023) го организираа првиот избор, а планираат во иднина победникот на овој фестивал да го претставува Косово на Евровизија. Првиот победник на овој фестивал е La Fazani со песната „Oj Kosove“, кој ќе остане само дел од историјата на Косово како првиот победник на овој фестивал, без можност за настап на Евровизија 2024.

Македонија

Македонија по повлекувањето во 2023 година поради реприоретизирање на финансиските средства што се алоцираат секоја година за овој наста, неофицијално Македонија би требало да има претставник во Малме на Евровизија 2024.

„Програмата на Македонската Радио Телевизија во 2024 година ќе биде одбележана и со учеството на Изборот за песна на Евровизија 2024 година каде што ќе бидат презентирани македонските музички вредности преку песната – учесничка на овој фестивал.“

стои во објавената Предлог програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2024 година.

Сепак, оваа предлог програма треба да биде усвоена од Програмскиот совет на МРТ. До сега (26 ноември 2023) нема официјална потврда за учеството.

Романија

За Романија нема официјален став на организаторот. Организаторот TVR сè уште не излегол со официјален став кој би покажал дали се повлекуваат или ќе учествуваат.

Словенија

Својот претставник за Избор на песна за Евровизија, Словенците ќе го изберат во јануари 2024. Претставникот ќе биде избран на фестивалот „Мисија Малмо“.

Србија

Во моментов Србија нема одбрано свој претставник за Евровизија. Учесникот и песната се бираат на „Pesma za Evroviziju 24“. Натпреварот ќе има две полуфинални вечери и финале, но засега не знаеме кога ќе се одржи натпреварат.

Официјално заинтересираните можеа да испраќаат пријави до 10 ноември 2023.

Турција

Според последните информации, Турција одлучи да не учествува на Евровизија 2024. Турција последен пат учествуваше во 2012 година, а и покрај популарноста на натпреварот, нема официјална потврда за нивното враќање на престојното натпреварување во 2024 година.

Хрватска

Од регионот Хрватска е една од државите кои речиси по правило последни го бираат својот претставник. Традиционално ова го прават на фестивалот „Дора“ (Dora). Така ќе биде и оваа година (2023), а учесниците ќе бидат избрани во февруари на „Дора 2024“ (Dora 2024).

Црна Гора

Веројатно втора година по ред Црна Гора нема да учествува на Евровизија 2024. Црна Гора во 2023 година се повлече од натпреварот поради финансиски причини. Радио-телевизија Црна Гора тогаш ја соопшти веста дека се повлекува од учество. За сега нема официјално известување дали Црна Гора ќе се врати на натпреварот. Последен пат Црна Гора учествуваше на Евровизија во 2022 година во Торино, Италија.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи