ДНК, Пајак и Наум Петрески во декември во Австралија

Македонските пејачи ДНК, Пајак и Наум Петрески за декември ја најавија својата австралиска турнеја. Засега се најавени концерти во Сиднеј, Мелбурн и Перт, а билетите се достапни на Ticketek (Линкот е објавен на страницата на организаторот, но не е достапен за корисници од  Македонија) и Trybooking.

Концертите ќе се одржат на 1 декември во Pavilion Performing Arts Centre (Сиднеј), 2 декември во Q-Room (Мелбурн) и 8 декември во MNO Vardar (Перт).

„Придружете ни се за незаборавна музичка вечер на 8-ми декември во МНО Вардар, додека со гордост ви го претставуваме концертот на неверојатните таленти на Наум Петрески, Пајак и ДНК, заедно со нивниот сензационален бенд од Македонија. Подгответе се да ве занесат волшебните мелодии и наелектризираните изведби што овие уметници ги нудат.“

пишуваат од Republika Entertainment.

За Петрески и ДНК не треба посебно претставување, а Пајак е млад музичар во подем. Наум секако е ветеран кога се во прашање австралиските турнеи. Ако Наум Петрески е и навикнат на настапите и средбите со дијаспората во Австралија, тоа веројатно не е случај со ДНК и Пајак, за кои ова е прва австралиска турнеја.

Публиката без сомневање ќе ужива во настапот на Петрески, кој е еден од најпопуларните македонски фолк пејачи во последните 40 години. ДНК е една од популарните групи за кои секогаш има интерес кај помладата генерација, а Пајак е нов и талентиран музичар за кој има интерес кај најмладата генерација.

Организатор на турнејата и овојпат е Republika Entertainment. Се чини дека во Република се специјализираа за овие „комбо“ изведби кога ги организира концертите во Австралија. Пајак и ДНК се популарни кај помладата публика, а Наум Петрески кај повозрасната публика.

Турнејата на ДНК, Пајак и Наум Петрески доаѓа како замена за концертите на Владо Јаневски, Ѓоко Таневски и Лина Пејовска. Оваа турнеја е одложена и ќе се одржи во 2024 година.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи