Дина Јашари ја најави песната „Не сум твој сон“

Само неколку дена не делат од новиот сингл на Дина Јашари, „Не сум твој сон“. Пејачката ја најави песната на Instagram на 15 ноември 2023 со помалку мистериозна објава – „Кога нова песна?“.

Оттогаш дознавме дека новата песната ќе го има своето деби на 19 ноември, а насловот е „Не сум твој сон“. Заедно со ова може да слушнеме и неколку секунди од песната. Специфичниот вокал и стил на пеење на Дина лесно се препознава во овие неколку секунди музика. По објавата не недостасуваа реакции од обожавателите кои очигледно е дека песната ја очекуваат со нетрпение.

Ова е исклучително интензивен период за младата македонска поп ѕвезда. Пејачката учествуваше на неколку фестивали во регионот, а по се изгледа ова ќе продолжува и во иднина. Дина Јашари по најавеното објавувањето на „Не сум твој сон“, на 1 декември 2023 ќе патува во Белград, Србија за да учестува на фестивалот „Зумовање“. Фестивалот го одбележува седмиот роденден на интернет радиото „radioAparat“. Покрај Дина Јашари на фестивалот ќе настапуваат и Bad Daughter, Bohemia и тандемот Emma & Jimmy.

Фестивал Зумовање, Поп депресија
Банерот е преземен од Фебсбук страницата Поп депресија. (popdepresija.com)

Дина Јашари е една од најпопуларните и несомнено најдобрите и најталентирани македонски пејачки во својата генерација. Таа е авторка, пејачка и продуцент, а нејзиниот музички стил е мешавина на поп, рок, соул и џез. Досега има издадено неколку синглови и едно проширено издание – „Дома.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Елени Фуреира
Read More
Елени Фуреира
Елени Фуреира (Ελένη Φουρέιρα) е натурализирана грчка пејачка, актерка, танчарка и модна дизајнерка.