Трендови на Генерација З идентификувани од Спотифај

Спотифај во извештајот „Culture Next 2023: Top Gen Z Trends” идентификуваше три трендови на Генерација З. Генерација З (Generation Z) или скратено Ген З (Gen Z) е термин кој се користи за генерациите кои следат по „миленијалците“. Станува збор за група родена од средината на деведесеттите до првите години на 2010-те. Зад зборот нема цврста дефиниција на годините и се користи различно од различни извори. Како заедничка карактеристика на Ген З се зема дека тоа е генерација која е израсната во свет со технологија. Овде најмногу се мисли на интернет и паметни телефони. Благодарение на ова најголем дел од претставниците на Ген З имаат вештини со дигиталните технологии. Поради тоа што генерацијата расте со интернет има пристап до широк културен диверзитет.

Ген З е генерацијата која порасна со платформи како Јутуб (YouTube), Нетфликс (Netflix) и Спотифај (Spotify). Денес тие се примарни корисници на овие платформи. Затоа не е големо изненадување што Спотифај (Spotify) креира извештаи чии фокус се навиките на оваа група корисници. Дополнително, речиси две третини од корисниците во САД (58%) на Спотифај (Spotify) припаѓаат на оваа група.

Извештајот што го објави Спотифај (Spotify) ги претстави трите најголеми трендови на Генерација З кои се однесуваат на стриминг платформата Спотифај.

  • Песни што се скриени скапоцени камења (Deep Cuts)
  • Учење од јавни говори и дебати (School of Talk)
  • Популаризација на локални култури – музички жанрови (Echo Culture)

Песни што се скриени скапоцени камења (DEEP CUTS)

Ако и веруваме на анализата на Спотифај, Генерацијата З не сака површност што често е присутна на друштвените мрежи. Сакаат да дознаат повеќе за културата, за светот, за себе. На Спотифај сакаат да слушнат персонализирани миксови, што не само што ќе им овозможат да слушнат нова интересна музика, туку ќе им овозможат да откриваат и да истражуваат.

Ова важи и за поткастите. Најголем број од слушателите ги завршуваат епизодите од почеток до крај. Ова важи и за категориите како „True Crime“ или „Комедија“, кои во просек се четириесет и педесет минути.

Спотифај велат дека 91% од корисниците на Генерацијата З го користат Спотифај за подлабоко да нурнат во музиката и поткастите што ги сакаат.

Учење од јавни говори и дебати (SCHOOL OF TALK)

Благодарение на дебатите и различните перспективи што се споделуваат, поткастите стануваат еден од медиумите што значително го менуваат начинот на кој младите учат нови работи. Генерацијата З може сама да си одбере поткасти и теми за кои сака да дознае повеќе и со тоа да креира своевидна персонализирана училница и тренинг. Со оглед на тоа што има голем број различни поткасти кои покриваат теми за лидерството, до теми за романтичните врски, политиката и културата, нема недостаток од поткасти за која тема и да добие интерес младиот човек. Во моментов на Спотифај има над 100.000 (сто илјади) поткасти. Само во првата половина на 2023 година поткастите имаат 900 милиони прегледи/стримови. Ова е раст од 48% во однос на истиот период во 2022 година.

58% од претставниците на Генерацијата З велат дека поткастите ги доближуваат до културниот дух повеќе од било која друга форма на медиум.

Популаризација на локални култури – музички жанрови (ECHO CULTURE)

Глобалните платформи значително влијаат и на развојот на музиката. Локалните жанрови што во минатото имаа локална и многу специфична публика, со помош на дигиталните музички платформи и сервиси достапни од секаде, сега брзо стасуваат до публика од целиот свет. Ген З не се ограничува на музика од географски региони. Наместо ова слушаат музика од целиот свет. Благодарение на ова локални поджанрови како „Амапиано“ (Amapiano) (хаус музика од Јужна Африка), „Punjabi pop“ (микс од поп и традиционална музика од Индија), „Phonk“ (хип-хоп од Москва) забележуваат пораст на популарноста.

73% од Ген З се согласуваат дека културата денес е поразновидна (наместо хомогенизирана) отколку пред пет години, благодарение на дигиталните стриминг сервиси.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи