Младиот Вански објави нова песна „Кој е Кој 2“

Вански одлучи да направи втор дел од неговата најпозната песна „Кој е Кој“, но овој пат да ја објави на каналот Горила ТВ. Новата песна „Кој е Кој 2“ е објавена на 4 ноември 2023.

Тој го објави својот нов сингл под името „Кој е Кој 2“. Ова е продолжение на неговата песна „Кој е Кој“ која е објавена изминатата 2022 години. Спотот и стилот на рапување во двете песни е сличен, скоро па ист. Тој наликува на светските трап песни кои во последните неколку години стануваат се повеќе популарни.

Вански на својот инстаграм профил објави слики од снимањето на спотот. Сликите заедно со видео спотот се во црно бел стил, исто како и во првата песна „Кој е Кој“.

Во песната се наоѓаат 2 различни битови. Ова може често да се забележи кај познатиот рапер Дрејк (Drake). Во случајот на Вански, тој го искористил вториот бит како поле на кое може да фристајла.

Повеќето улоги во изработката на песната се на Вански, односно Матеј Ванески. Тој е автор на музиката и текстот. Аудиомиксот и програмирањето на битот се исто така направени од него, а во мастерингот му помогнал Андреј Николов (Андрејник).

Вански исто така има учество и во правење на видео спотот. Тој своите спотови ги едитира сам, но добива помош со снимањето на истите. Овој пат во тоа му помогна Божидар Стефановски.

Погледнете го видео спотот на новата песна „Кој е Кој 2“ од Вански

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи