Албумите Red и Blue на Битлси ќе се реиздадат на 10 ноември

Битлси (Beatles) реиздавање на албумите „Ред“ (RedThe Beatles 1962-1966) и „Блу“ (BlueThe Beatles 1967-1970). Обожавателите на музиката на Битлси (Beatles) можат да го заокружат 10 ноември 2023 и да го очекуваат реизданието 2023 (2023 Edition). Официјално изданието беше најавено на 26 октомври 2023, заедно со официјалниот датум на издавање на последниот необјавен сингл на групата „Сега и после“ (Now and Then).

„Откако пред 50 години се појавија нивните први верзии, овие албуми беа вовед за генерации и генрации во музиката на Битлси. Сега, листата на песни на двете колекции се проширени, со сите песни миксани во стерео и Dolby Atmos. Новите колекции од 4 CD-а и 180-грама 6LP-а го комбинираат „ Red“ и „Blue“ во slipcase пакување. Сингл верзијата на Обединетото Кралство на песната „Love Me Do“ сега го отвора 1962-1966 (2023 Edition), а „Сега и тогаш“ е додадена на 1967-1970 (2023 Edition)“

TheBeatles.com

За разлика од досегашното издание на Битлси, ова реиздание на албумот „Red“ доаѓа со 12 дополнителни песни што досега не беа дел од компилацијата. Додадени се песните: „I Saw Her Standing There“, „Twist And Shout“, „This Boy“, „Roll Over Beethoven“, „You Really Got A Hold On Me“, „You Can’t Do That“, „If I Needed Someone“, „Taxman“, „Got To Get You Into My Life“, „I’m Only Sleeping“, „Here, There And Everywhere“, „Tomorrow Never Knows“.

Промени има и кај реизданието „Blue“. На новото реиздание има девет додадени песни, кои не беа дел од компилацијата досега: „Within You Without You“, „Dear Prudence“, „Glass Onion“, „Blackbird“, „Hey Bulldog“, „Oh! Darling“, „I Want You (She’s So Heavy)“, „I Me Mine“. Дел од изданието е и последниот сингл „Сега и после“.

Песните на компилациите веќе сме ги слушнале. Сепак, триесет и шест песни на компилацијата имаат нов ремикс од Џајлс Мартин (Giles Martin).

Red Album (1962 – 1966) и Blue Album (1967 – 1970) се компилации кои ги содржат хитовите на Beatles. Годините во насловот го покажуваат периодот во кој песните се креирани.

Red Album на Битлси за прв пат е издаден во 1973 година како двоен LP. Компилацијата го достигна третото место на „Billboard Top LPs & Tape“ топ-листата и трето место на топ-листата во Обединетото Кралство. Во септември 1993 година албумот беше реиздаден на CD и се искачи до третото место на топ-листата на Велика Британија. На компилацијата се додадени исклучиво песни напишани од Битлси. До „2023 Edition“ песните на компилацијата се дело на Ленон-Мекартни. На новата верзија е додадена „Taxmen“ која е напишана од Џорџ Харисон.

Blue Album на Битлси прв пат е издаден во април 1973 година. Компилацијата 1967–1970 се искачи на врвот на топ листата на Билборд (Billboard) за албуми во САД. Во Обединетото Кралствои компилациајта го достигна второто место на топ листата со албуми. Реизданието од 1993 година го достигна четвртото место на топ-листата во Обединетото Кралство.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи