„Зајко“ - The Backdoor Band

Ново музичко видео на The Backdoor Band за песната „Зајко“

Охридските рокери The Backdoor Band (се чита: бекдорбенд) го промовираа музичкото видео за нивниот нов сингл насловен како “Зајко“.

Песната е креирана пред десетина години како сатиричен и другарски опис на личноста што се спомнува во песната и неговиот “рокерски” начин на живот.

The Backdoor Band

Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд.

Задолжен за снимање на аудиото, аудиомиксот и мастерингот е Ивица Јанкуловски. Снимањето на песната е реализирано во студио „Алшар“.

Музичкото видео за песната „Зајко“ од The Backdoor Band е сниман на локации во Охрид, а го снимаше и обработи Бојан Симјаноски.

Голема благодарност од бендот изразија до сите учесници во реализација на овој проект.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи