ЛИФТ (LIFT Festival) е нов музички фестивал во Хрватска чија цел е да претстави пред публиката талентирани музичари од Хрватска и од регионот. Првиот настан ќе се одржи на 24 ноември 2023 во Творница културе („Tvornica kulture“) во Загреб.
На првото издание на ЛИФТ посетителите ќе имаат можност да ги слушнат Фантом (Fantom), Зембо Латифа (Zembo Latifa), Masayah, Марко Бошњак (Marko Bošnjak), Kids from the sky, Baby Babilon и RODEO.
Фестивалот ЛИФТ треба да ги претстави новите музички таленти до публиката, а тоа ќе биде и одлична можност талентираните изведувачи да се претстават не само пред широкиот аудиториум туку и пред професионалците од музичката индустрија.
„Многу ми е драго што ќе настапам на ЛИФТ (LIFT). На овие фестивали публиката на едно место може да слушне изведувачи кои можеби не ги слушнале и да откријат некои нови имиња кои потенцијално ќе им ја пополнат секојдневната плејлиста. Се радувам и се гледаме на ЛИФТ“
вели Зембо Латифа, загрепскиот трап артист за Music-Box.
Иако е релативно нов на сцената најголема ѕвезда на ЛИФТ е босанскиот пејач Марко Бошњак. Тој оваа година ја доби наградата „Порин“ (Porin) за најдобар млад изведувач. На средината на ноември публиката во Загреб ќе има можност да го слушне и види во живо.
„Едвај чекам да ѝ се претставам на фестивалската публика во поинакво светло. Подготовките за овој настан ме поттикнуваат да ги преминам гранците и да пружам одлична изведба која ќе резонира со публиката. Се гледаме во Творница.“
вели Марко.
Гостите од регионот на првото издание на ЛИФТ доаѓаат од Словенија, Босна и Херцеговина и Србија. Како претставник од Србија ќе настапува Фантом, а од Словенија во Хрватска ќе гостува Masayah.
„Мислам дека на регионот му требаат што повеќе вакви манифестации и дека младите изведувачи се претставуваат вака како на филмска лента. На пример, многу ми се допаѓа тоа што го прави Марко Бошњак, па едвај чекам да го видам бидејќи досега немав шанса да го слушам во живо. Па покрај тоа што ќе настапувам, имам и што да слушам.“
рече Петар Вагнер (Фантом).
За бендот Baby Babilon ова ќе биде нивни прв настап во живо во кариерата. Загрепското трио не ја крие возбудата.
„Пресреќни сме. Едвај чекаме да дојде 24 ноември и да играме заедно на нашиот прв настап во живо.“
велат Baby Babilon
Baby Babilon на 31 октомври 2023 го објавија својот последен сингл со назив „trideseti. sedmi.“.
Овие регионални „showcase“ настани на кој заедно учествуваат музичари од повеќе држави последниве неколку години стануваат се почести. Само во октомври и ноември ќе може да видиме барем три во регионот. Најпрво SoAlive во Бугарија, па доаѓа ЛИФТ фестивалот во Хрватска за на крајот на ноември се да се заокружи со десеттото издание на ПИН конференцијата во Скопје. Во летото пак што измина (2023) неколку десетици млади бендови и изведувачи имаа можност да се претстават пред публиката во Атина во рамките на Шоукејс фестивалот Недела на музика во Атина (Athens Music Week)
Многу сме возбудени бидејќи конечно го лансираме ЛИФТ. Главната цел на фестивалот и платформата, е да се покаже и презентира пред публиката, медиумите и професионалците од музичката индустрија што можат овие фантастични млади музичари да ни пружат, и да ја доближат својата музика до нив. Посебно се радуваме на фактот дека целата приказна уште на самиот почеток доби регионален момент, а за некои изведувачи ова ќе биде прв настап во нивните кариери. Едвај го чекаме 24 ноември, и ги покануваме сите кои сакаат одлични настапи и убаво да си поминат да ни се придружат во Творница!“
изјави Мирта Клариќ од Aquarius Records.
1 comments