Џејла Рамовиќ, популарната пејачка од Босна

Џејла Рамовиќ е млада босанска пејачка која се прослави во регионот како најмлада победничка на српското талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ (Звезде Гранда). Претходно ја освои публиката на и на детското талент шоу „Некои нови клинци“ (Неки нови клинци). Својот прв сингл го издаде во 2017 година.

Џејла Рамовиќ е родена на 29 април 2002 година во Горажде, Босна и Херцеговина.  Таа најмала од трите сестри (Шејла и Лејла) во семејството Рамовиќ. Започнала да пее уште како девојче. Првиот настап го имала на четиригодишна возраст со постарата сестра Лејла на интернационалниот фестивал „Што се сонува со песна“ (Što se pjesmom sanja). На фестивалот ја отпеаја песната „Чипс и чоколада“ (Čips i čokolada).

Веќе во 2010 година се појави на првото поголемо натпреварување „Talent Time“. Во ова детско талент шоу стигна до самото финале, а четири години подоцна во „2014“ се појави и на натпреварот „Nade sevdaha“.

На натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ за првпат се пријави во 2014 на 12 години. Во овој обид испадна во петтиот круг. Сепак од жирито не ја отфрлија сосем. Ја советуваа да причека уште неколку години за гласот да и се формира во целост и да се обиде повторно.

Две години подоцна, во 2016 година, Гранд продукција организираше нов натпревар наменет за помлади натпреварувачи – „Некои нови клинци“. Џејла Рамовиќ не само што се пријави на првото натпреварување, туку успеа и да победи.

Во 2017 година ја објави својата прва песна, синглот „Ружа“. Музиката и текстот беа на познатиот српски композитор и текстописец Бане Опачиќ (Bane Opačić).

Чудо од дете

Пред да се врати на натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“ издаде уште два сингла „Potraži me“ и „Jedna kao ni jedna“ и веќе започнаа да ја препознаваат во Босна и Херцеговина када започнаа да ја нарекуваат и чудо од дете. Веќе тогаш Џејла Рамовиќ имаше настапи со најголемите босански музички ѕвезди помеѓу кои и Дино Мерлин.

Најголем дел од суеверните натпреварувачи ќе го избегнуваа „13“ натпреварување по ред, но не и Џејла Рамовиќ. Наместо „баксузна“ тринаесетката беше среќна за неа и успеа да победи на шоуто. Нејзина менторка на шоуто беше популарната српска пејачка Мариа Шерифовиќ.

Од 2021 година Џејла Рамовиќ е студентка на EU Business School во Барселона, Шпанија. Оваа година дел од медиумите, најпрво јавија дека пејачката го прекинала образованието, за подоцна да објават дека Џејла го продолжува образованиот процес онлајн.

Пејачката во моментов истовремено работи и на своите онлајн студии и на својата музичка кариера. Во ноември и декември обожавателите ќе имаат прилика да ја видат пејачката на некој од концертите. Според објавата ќе се одржат дваесетина настапи, најголем дел во регионот.

Дискографија на Џејла Рамовиќ

Пејачката досега има издадено 8 синглови. Досега нема издаден албум, иако според ангажираноста последниов период можеби може да го очекуваме во 2024 година.

Во моментов Џејла Рамовиќ е актуелна со соработката со Хени на синглот „Ризик“ кој го издадоа на 25 септември. Музиката на песната „Ризик“ е на Ноел Карман (Noel Kharman) и Насир Албашир (Nasir AlBashir) а текстот е на Реља Торино (Relja Torinno). За нешто повеќе од еден месец песната успеа да дојде до на 7,4 милиони прегледи на YouTube.

Листа на синглови

  • „Ружа“ – Ruža (2017)
  • „Побарај ме“ – Potraži me (2017)
  • „Една како ниедна“ – Jedna kao nijedna (2018)
  • „Руини“ – Ruine (2019)
  • „Гинам“ – Ginem (2020)
  • „Спарта“ – Sparta (2022)
  • „Казамат“ – Kazamat(2023)
  • „Ризик“ – Rizik ft. Henny(2023)
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи