Massive Attack се збогува со гитаристот, почина Анџело Брусини

На 23 октомври 2023 почина Анџело Брусини (Angelo Bruschini) гитаристот на Massive Attack. Анџело боледуваше од рак на белите дробови. Веста за смртта на шеесетидвегодишниот гитарист ја потврди бендот.

„Уништени!
Бевме толку среќни што споделувавме ваков живот заедно.
Толку брилијантен, ексцентричен талент.
Невозможно е да се измери твојот придонес.
Почивај во мир Анџело.“

Болеста на друштвените мрежи ја потврди сега веќе починатиот Анџело Брусини. Во објава на Facebook напиша:

„Два пати до сега специјалисти за рак на бели дробови во болницата ми кажаа – со среќа. Мислам дека сум заебан. Имав одличен живот, го видов светот многупати, се сретнав со многу прекрасни луѓе, но вратата се затвора, мислам дека ќе напишам книга.“

Брусини не е дел од основната постава на Massive Attack. Сепак од 1997 година и од снимањето на албумот Mezzanine Брусини е постојан гитарист на групата и во студио и за настапите во живо. Тој е роден 1960 година во Бристол, Велика Британија. Беше член на групите The Numbers, Rimshots, The Blue Aeroplanes. Од албумот Mezzanine е постојан член на Massive Attack.

Иако не е еден од основачите на групата без сомневање има големо влијание на еволуцијата на звукот на групата. Тој е дел од албумите „Mezzanine“ (1998), „100th Window“ (2003), и „Heligoland“ (2010). Дел од најголемите хитови на Massive Attack „Teardrop“, „Inertia Creeps“, „Butterfly Caught“ и „Paradise Circus“ се дел од овие албуми.

Покрај улогата на гитарист, Анџело Брусини е продуцент на албумот на Strangelove. Во 2003 година беше гостин на синглот „Blowing This Candle Out“ на Џејн Тејлор (Jane Taylor).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи