The Kid LAROI x Jung Kook x Central Cee - Too Much

„Too Much“ од The Kid LAROI, Jung Kook и Central Cee

Too Much“ е новата песна на The Kid LAROI во која гостуваат Jung Kook и Central Cee. Оваа комбинација на артисти од три континенти ги остави вчудоневидени слушателите.

„Too Much“ е поп песна која има и елементи на рап. The Kid LAROI и Jung Kook се поп артисти и рапувањето кај нив е многу ретко. Но, затоа во оваа песна придонес за рап моментот има Central Cee.

Песната е објавена на 20 октомври 2023 и за помалку од 3 дена има скоро 8 милиони прегледи на Јутуб. Таа е достапна и на платформите за преслушување (streaming) на музика како Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music)

Како и секој видео спот на познатите артист во кои припаѓаат и овие од оваа песна, така и овој изгледа светски. Видео спотот го привлекува вниманието на слушателите и ги држи во неизвесност. Тој е динамичен исполнет со одлични кадри кои се вклопуваат со ритамот на песната.

Кратко за артистите

The Kid laroi

The Kid LAROI е артист кој е роден во Австралија. Тој има само 20 години, а веќе неговата популарност е огромна. Неговите песни бројат неверојатни десетоцифрени прегледи. „Stay“ заедно со Justin Bieber е една од нив.

Jung Kook

Jung Kook е роден во Јужна Кореа и е дел од познатата музичка група БТС (BTS). Иако англискиот јазик не е негов мајчин, во неговите песни тој е најзабележлив. Покрај кариера заедно со членовите на БТС тој има многу соло песни кој се хитови.

„Seven“ е неговата најпозната песна која има повеќе до 900 милиони преслушувања на Спотифај (Spotify)

Central cee

Британскиот рапер Central Cee кој се издвојува како еден од најдобрите во рапот и дрилот исто така има учество во оваа песна. Тој со својот специфичен акцент и игра на зборови и дава одлична автентичност на песната „Too Much“.

Central Cee е пропознатлив по своите стајлинзи кои секојдневно се забележани од страна на неговите женски фанови.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи