Ја хабиби - Деспина Ванди и Кингс

Провокативно музичко видео за „Ја хабиби“ на прекрасната Деспина Ванди и Кингс

Грчката пејачката и актерка Деспина Ванди (Despina Vandi) по долга музичка пауза ги израдува своите обожаватели. Ванди во април заедно со грчката поп-денс група Kings објави нова песна. Соработката „Ја хабиби“ (Ya Habibi) е супер интересен спој на талент и гламур, а обожавателите едвај чекаа да ја слушнат.

Песна е објавена за престижниот грчки издавач Panik Records. Речиси веднаш по објавата обожавателите од целиот свет „го нападнаа“ видеото на Јутуб. За само неколку часа песната имаше десетици илјади прегледи.

Музиката е дело на Тео Цимас (Teo Tzimas). Цимас  на текстот соработуваше со Џони Кинг (Johnny King), а продукцијата ја направи со Парис Калпос (Paris Kalpos).

Деспина Ванди можеби е подзаборавена денес, но пред дваесет години нејзиното име во Грција беше синоним за музичка извонредност. Речиси неспорно е нејзиното влијание врз грчката модерна поп музика. Ванди е родена во Тибинген, Германија. На шест години, заедно се семејството се преселила во Кавала, Грција. Музичката кариера ја започна по преселбата во раните деведесетти. Потпиша договор со Minos EMI и за нив издаде 2 албуми „Gela Mou“ во 1994 година и „Essena Perimeno“ во 1996 година. Уште оттогаш Ванди постојано ја демонстрира својата умешност како уметник, маѓепсувајќи ја публиката со нејзиниот глас и сценското присуство.

Деспина Ванди / Фотограф: Фотистастис (Fotistsatsis) / CC BY-SA 4.0

Јавноста подобро ја запозна нешто по издавањето на првите албуми, откако го пронајде композиторот и продуцент Phoebus. Продуцентот секако и помогна да пронајде нови музички височини, но од соработката бенефит имаа двајцата. Со албумите „Deka Endoles“ и „Profiles“ пејачката направи уште еден музички исчекор спојувајќи ја грчката традиционална музика со поп музиката.

Во двеилјадита година Ванди го издаде нејзиниот денс сингл „Ipofero“. Синглот беше најдобро продаван грчки сингл во продавниците Virgin во Грција на сите времиња. Следеше договор со издавачот „Heaven Music“ и започна да работи на светската кариера.

Во 2001 година го издаде синглот „Gia“ кој не само што ја освои Грција и Кипар, туку е единствена песна на Деспина Ванди на Billboard Hot Dance Airplay листата.

Новиот сингл „Ya Habibi“ е ново поглавје во богатата кариера на Ванди. Соработката со таленираните Kings уште еднаш ги поместува границите. Траката ги спојува традиционалните и препознатливи елементи од грчката музика со современиот ритам. Видео записот за песната додава уште еден дополнително ниво за уживање на слушателите, а Деспина Венди е недопрена од времето.

Но, „Ја хабиби“ е повеќе од заразен ритам и вокали и своевидна промена преку која се прави доли жување до новите генерациите. Интересен момент од промоцијата на песната е Тикток (TikTok) видео кое го сподели пејачката во кое Деспина Ванди и ќерка и Мелина ја отвораат устата имитирајќи ги вокалите на песната. Видеото ги израдува обожавателите и донесе неверојатни 1.3 милиони прегледи.

@desp1navandiofficial #Yahabibi #spotify #fyp @kingsbandtv ♬ πρωτότυπος ήχος – kingsbandtv

Покрај музичката кариера и успеси, Ванди е дел и од популарните телевизиски шоуа како „The Voice of Greece“ и „Rising Star“. Пејачката е дел од повеќе музички настани како гостин, ментор, жири или водител.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи