Се појави проширена верзија од албумот „Innocente“ на Baby Gang

Се појави ненадејно, без многу најавување, проширена (deluxe) верзија на албумот „Innocente“ на Baby Gang. Во албумот се наоѓаат 21 песна од кои 7 се нови, заедно со ремиксот на веќе постојната песна „Napoletano“. Проширената верзија на албумот „Innocente“ донесе и две нови музички видеа.

Песните „Seconda Generazione“ и „Mocro Mafia“

Песните „Seconda Generazione“ и „Mocro Mafia“ се единствени песни од deluxe верзијата на албумот кои имаат свој видео запис.

Првата песна од албумот која Baby Gang ја објави на својот Јутуб канал е песната „Seconda Generazione“. Песната заедно со својот видео спот е објавена на 6 октомври 2023, неколку дена пред целосното објавување на проширениот албум. Песната за една недела има нешто помалку од 1 милион прегледи на Јутуб.

Песната „Mocro Mafia“ е соработка. Францускиот рапер Маес (Maes) му гостува на Baby Gang во оваа песна. За Baby Gang ова не е прв пат да соработува со француски артист.

Почетокот на песната заено со рефренот се исполнети со вокалите на Маес. Во вториот дел од песната или некој би рекле вториот верс е на Baby Gang. Дел од неговиот текст е на француски јазик кој не е негов мајчин јазик.

Како и другата песна од албумот „Innocente“ така и оваа има видео спот. Видеото наликува на останатите спотови од Baby Gang и е тотално во негов стил.

Останатите песни од албумот

Останатите 6 песни од албумот се објавени на 13 октомври 2023. Тие се достапни на Јутуб каналот на Baby Gang и на платформите за преслушување (streaming) на музика. Освен песните „Seconda Generazione“ и „Schumacher“, сите останати се соработки со други артисти.

Третата песната од албумот „Libertad“ е соработка помеѓу Baby Gang и познатиот шпански артист Морад (Morad). Ова не е нивна прва соработка. Песната „Casablanca“ која ја делат има нешто помалку од 70 милиони преслушувања на Спотифај (Spotify).

Познатиот Симба Ла Руе (Simba La Rue) и Baby Gang кои соработуваа во песната „Banlieue“ повторно се пронајдоа во новата песна „Bentley“ од албумот „Innocente“, но овој пат им се приклучи и италијанецот J Lord. Во албумот се појавува и раперот Јул (Jul) кој е роден во Франција и го држи рекордот за најмногу продадени албуми.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи