Ламбе и Врчак запејаа на свадба кај пријател, друштвените мрежи побудалеа

ламбе врчак

Ако на Ламбе и Врчак им беше потребен дополнителен мотив и показател дека нивното место е на сцената, по овој настан тие го добија. На 9 октомври 2023, двајцата беа на свадба во Охрид кај заеднички пријател. Двајцата ги земаа микрофоните и ја отпеаја песната „Спасете ме другари“, која пред 17 години ја снимија заедно за албумот на Врчак „Во твоето срце“.

Веројатно двајцата го очекуваа аплаузот кој го добија на свадбата. Она што го дочекаа на друштвените мрежи, се чини ќе ги израдува и најголемите обожаватели. Неколку видеа од нивната изведба на свадбата се појавија на друштвените мрежи Facebook, Instagram и TikTok. Едно од видеата дојде од Ламбе кој на својот Instagram профил го сподели настапот со Врчак. Заедно со видеото дојде и кус вовед со кој се чини дека е воодушевен од настапот со колегата.

„Моите молитви се остварија фала Ти Боже вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишеме уште едно време и ера на македонската сцена и музика #respect

напиша Ламбе на објавата на Instagram

Коментарите на објавата по заедничкиот спонтан настап на Ламбе и Врчак можат само да ги израдуваат двајцата:

Ова го чекав цела деценија?❤️❤️❤️❤️

Време е за нов хит ❤️?

Врчак мајстореее... редно е да се вратиш и да ја оживееш оваа сцена!!!?

Не можам да верувам , дали навистина Врчак се враќа на сцената ? Пораснавме со неговите предобри хитови во 2000тите години !!!

Време е на децава да им покажете што е квалитетна македонска музика ???????

Значи дајте концерт потсетете нѐ на старото време ? Да оживее духот на македонските песни  ?Браво за двајцата

Ова се само дел од коментарите, на објавата на Ламбе, а речиси исти се пораките и на коментари на TikTok видеото.

@martinadanova3 #vrcak #lambe #fyp #performance #hit #music ♬ original sound – Martina Danova

Се враќа ли Врчак во музиката?

Раде Врчаковски – Врчак по долго време во мај 2023 ја издаде песната „Да ме лижнеш“. Пејачот без никаква најава се повлече од јавниот живот во 2011. Според најавата Врчак има подготвен албум кој треба да излезе во 2024 година, а „Да ме лижнеш“ е првиот сингл и најава за новиот албум.

Раде се појави на македонската музичката сцена во 1999 година со песната „И повторно сам“. Неколкупати настапуваше на најпопуларниот македонски фестивал Макфест. Обожавателите ги помнат неговите настапи и третите места од соработките со Андријана Јаневска, и подоцна со Роберт Билбилов. За првата наградата на фестивалот мораше да почека до 2006, и соработката со Тамара Тодевска на песната „Седмо небо“.

Светската јавност го  запозна со евровизиската песна „Нинанајна“ која ја отпеа Елена Ристеска. Текстот на песната е на Врчак. Во својата музичка кариера Врчак издаде 3 студиски албуми „Како да побегнам од сѐ“, „Во твоето срце“ и „На седмо небо“. Неговиот засега последен албум „На седмо небо“ го издаде во 2009 година.

Публиката по се изгледа не е подготвена да се збогува со Врчак и со неговата музиката. Дали тој ќе одлучи да се врати на сцената е прашање на кое самиот ќе мора да одговори. Сцената го чека, а со евентуалното враќање, Врчак може самиот да го допише крајот на својата музичка приказна.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи