Три распродадени концерти во белградска „Штарк Арена“ и четири во Загреб ја прават српската пејачка Александра Пријовиќ своевиден регионален феномен. Дваесет и осум годишната фолк пејачка е на регионална турнеја „Од Исток кон Запад“ и барем досега ги распродава концертите.
Пејачката ќе одржи три концерти во Загреб а веќе е распродаден и четвртиот концерт. Датите на кои ќе се одржат концертите се од 1 до 4 декември 2023. Дел од купувачите на билетите веќе се обидуваат да заработат, препродавајќи ги билетите за цена помеѓу 75 и 150 евра.
Огромната популарност на пејачката дојде како изненадување за еден дел од публиката, но и за голем дел од медиумите. Пејачката за која како што таблоидите помалку злонамерно велат дека започнала под свадбарските шатори популарноста ја створи онлајн, на социјалните мрежи. Нејзините видеа на Јутуб (YouTube) имаат милиони прегледи. Песната „За нас касно е“ (Za nas kasno je) има над 80 милиони прегледи на Јутуб.
Токму успехот на друштвените мрежи е една од причините за изненаденоста на традиционалните медиуми кои се помалку изненадени од хрватскиот интерес за Пријовиќ.
„Мислам дека тоа што го направи во Загреб е голема шлаканица за хрватските медиуми. Сега сите се изненадени и се прашуваат: „Која е таа“? А всушност приказната е многу едноставна, публиката денес ниту слуша радио станици, ниту гледа телевизија, туку следи Интернет и друштвени мрежи, YouTube пред сѐ. Таму луѓето го слушаат она што сакаат да го слушаат, а не она што им се пушта на стандардните медиуми. Моите колеги и уредници мислат дека единствено тие знаат само што и се допаѓа на публиката и им пуштаат песни за кои мислат дека се најголеми хитови. Меѓутоа, реалноста е сосема поинаква.
Можеби јас и ти не ја слушаме Александра, но 90 отсто од другите луѓе ја сакаат, ја слушаат и наоѓаат начин да дојдат до нејзините песни. Тоа е без сомнение огледало на општеството. Можеме да зборуваме само за менталитетот на општеството кое сака таква музика во Хрватска. Друго објаснување нема, не е баш чудо. Потсетувам дека не е единствената, туку го собори рекордот со продадени влезници. Аца Лукас и Саша Матиќ постигнаа сличен успех меѓу српските фолк изведувачи во Загреб, кои исто така ги распродадоа арените“
вели Дубравко Јагатиќ (Dubravko Jagatić), рок-критичар од Загреб
Која е Александра Пријовиќ
Без сомневање пејачката е една од најпопуларните во регионот. Доволен показател за ова се преполните концерти ви Белград и Загреб, но и распродадените концерти во Ниш и Сараево. Два концерти во Сараево ќе се одржат во Олимписката хала Зетра (во 2010 халата го промени името во Хуан Антонио Самаран). Во самата организација на концертите од последната турнеја се инвестирани десетици илјади евра, пренесе српскиот портал N1.
Пријовиќ е сопруга на синот на познатиот поранешен југословенски тенисер Боба Живоиновиќ. Тенисерот е сопруг на Лепа Брена која е чест гостин на сцената на концертите на Пријовиќ. Јавноста за првпат ја забележа Александра Пријовиќ во раните 2010 години благодарение на „Ѕвездите на Гранд“ (Zvezde Granda). Првиот албум „Тестамент“ го издаде во 2017 година. Речиси веднаш стана една од најбараните пејачки во Србија. Во 2022 го сними албумот „Звукот на тишината“, а во 2023 година го издаде својот за сега последен албум „9 животи“. Покрај пеењето се испроба и во актерството. Александра имаше улога во серијата „Убијците на татко ми“. Таа ја изведува и насловната песна од четвртата сезона од оваа серија: „Ти ми должиш два животи“.
Она што е интересно е дека изборот на звук на пејачката е релативно популарен во регионот. Модерниот фолк речиси отсекогаш бил дел од најслушаната музика во регионот, а најпопуларната песна од Пријовиќ во разговор со младата популација последниве 3 месеци е песната „ДАМ ДАМ ДАМ“.