Ана Борисивна Корсун - МАРУВ

Запознај ја атрактивната МАРУВ и нејзините алтер ега

Ана Борисивна Корсун (Ганна Борисівна Корсун) попозната по своето сценско име МАРУВ (MARUV) е една од најпопуларните пејачки во светот на современата популарна украинска музика. Родена е на 15 февруари 1991 во украинскиот град Павлоград, под името Ана Попелух (Ганна Попелюх). Нејзиниот пат до музиката е предодреден уште од нејзината најрана возраст. Музиката ја заинтересирала уште додека била на училиште каде што учела музика и танц. Високото образование го завршила на Политехничкиот институт во Харков.

Сепак и покрај техничкото образование Ана повеќе ја интересирал светот на музиката. Таа успеа да се пласира во финалето на украинскиот The Voice. Првите настапи ги направи заедно со групата The Pringlez. Во овој период се сретнала со својот иден сопруг Александар Корсун, кој воедно е и менаџер за односи со јавноста на групата. Групата ја претставуваше Украина на New Wave (Нов бран) натпреварот, а нивната песна „Easy to Love“ се натпреваруваше на украинскиот Избор за песна на Евровизија 2016.

Музички пресврт: МАРУВ е создадена!

Сепак до вистински музички пресврт ќе дојде една година подоцна. Во 2017 групата се ребрендираше во МАРУВ, или можеби е подобро да се пише дека почнува ерата на соло артистка за Ана, а со тоа дојде и промена на музичката естетика од поп-рок во поп и денс-поп. Првиот студиски албум „Stories“ (приказни) има песни на украински, руски и англиски јазик. Промоцијата на албумот беше на 23 септември 2017 со концерт во Харков.

Соработките со гитаристот и диџеј Микаил Бусин го донесоа дуото Maruv & Boosin. Заедно ги креираа песните „Spini“ и „Drunk Groove“ со кои се здобија со меѓународна слава. Maruv & Boosin се појавија на престижни настани, од Muz-TV 2018, па се до отворањето на Светското првенство во фудбал 2018 во Москва.

Практично, од точката наречена „Drunk Groove“ почнува новата музичка ера на Ана Борисива Корсун која одлично комбинира три основни „убиствени“ компоненти во нејзиниот уметнички израз, а тоа се кабарето, стриптизот, еротиката и модерната денс музика кои се многу вешто искомбинирани до ниво да не вулгарни. Од овој момент аудио-видео записите од МАРУВ и нејзините живи настапи се празник за сетилата особено кај машката публика.

Време е! Запознај ја атрактивната МАРУВ!

Несудената евровизиска претставничка на Украина

Во 2019 МАРУВ победи на финалето на украинскиот изборот на песна за Евровизија со што требаше да биде и украински претставник на овој планетарен музички настан. Сепак правата за песната „Siren Song“ со која победи во Украина беа во сопственост на рускиот издавач Warner Music Russia. МАРУВ објави дека ќе одржи два концерти во Москва. По ова украинскиот министер за култура излезе со соопштение дека музичари кои не го препознаваат територијалниот интегритет на Украина и музичари кои имаат турнеи во Русија не можат да ја претставуваат земјата на Евровизија.

На крај Украина се повлече од учеството на Евровизија, но тоа не влијаеше речиси никако на популарноста на песната. Победничката песна „Siren Song“ беше хит во поранешните советски републики. Во Русија синглот има троен платинест статус.

Алтер егата на МАРУВ

SHLAKOBLOCHINA — Новая сила киски / Илустрацијата е пренесена од Јутуб каналот на МАРУВ.

Запознај ја атрактивната МАРУВ преку нејзините алтер ега.
Покрај непријатностите со изборот на претставник за Евровизија на Украина, МАРУВ ја продолжи својата музичка кариера. За да го скроти својот немирен дух, различните иде, сензибилитет и уметнички израз, МАРУВ како форма го одбира алтер егото за артикулирање и претставување уште два паралелни проекти преку кои продолжува да создава и објавува уметност. Едното алтер его е Sharlotta Ututu (Шарлота утуту) а другото е Shlakoblochina (Шлакоблочина).

Во 2020 година го претстави своето алтер его Шлакоблохина (Shlakoblochina) и под ова име го издаде проширеното издание (EP) Фаталити (Фаталност) (Fatality) . Веројатно на популарноста кај помладата публика влијаеше и издавањето на руската верзија за песната „More“ за ултра популарната видеоигра League of Legends.

Од неодамна под алтер егото Шарлота утуту ја објави песната „Killing me softly“ преку кој таа прикажува многу поинаква естетика од онаа на МАРУВ и Шлакоблохина. Нас овој израз ни е многу близок до оној што го има фантастичната пејача Селен Дион (Selen Dion) во песната „A new day has come“.

Последно од МАРУВ во октомври 2023

На 15 јануари 2022 година пејачката на своите обожаватели им откри дека со сопругот Александр Корсун очекуват принова. Веројатно инспирацијата за синглот „Big Mama Boss“ под алтер егото Шлакоблохина е поврзана со информацијата за тоа дека МАРУВ чека принова.

Во 2022 година на Berlin Music Video Awards пејачката со песната „Candy Shop“ ја освои првата награда во категоријата „Most Trashy“.

Покрај „Big Mama Boss“ МАРУВ во октомври 2023 е актуелна и со песната „Solo un Beso“ со што изгледа МАРУВ кокетира и со публиката што ја сака Латино музиката. Со оваа песна како МАРУВ да најавува целосна музичка трансформација. Синглот е најава за нов албум кој треба да излезе оваа година (2023). Неуморната МАРУВ со многу идеи, трансформации и уметнички изрази. Ние остануваме да го следиме нејзиниот развој преку нејзиниот Др. Џекил и Мр. Хајд пристап во музичкиот свет.

Дискографија

Запознај ја атрактивната МАРУВ преку нејзината дискографија што е достапна на нејзините профили на најпопуларните сервиси за преслушување музика.
(последно ажурирање на 8 октомври 2023)

Студиски албуми

  • Stories (2017)
  • Black Water (2018)
  • No Name (2021)
  • Killing Me Softly (2023)

проширени изданија (EP)

  • Hellcat Story (2019)
  • Fatality (2020) (издаден како Shlakoblochina)
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи