Запознајте го Војаж

Михајло Веруовиќ (Михајло Веруoвић) или познат како Војаж (Voyage) е српски пејач и актер роден на 15 септември 2001 во Белград – Србија.

Тој излезе од бурното минато и стана сензација во светот на музиката. Неговото неверојатно патување започна среде хаосот на политичките превирања во неговата татковина, бидејќи неговиот татко, Милан Веруовиќ, храбро служеше како доверлив телохранител на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Сликата е преземена од инстаграм профилот на Војаж

Но, по трагедијата која се случи во 2003 година, со шокантниот атентат на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, Михајло и неговото семејство тргнале во несекојдневна одисеја, барајќи засолниште во градот Стразбур, Франција. Тие останале да живеат таму до осмата година на Михајло.

Неговата страст за музика се разгорела во годините на неговото формирање како карактер, во основното училише. За време на средното училиште заедно со своите другари создале музичка група под името Компани (Company).

„Приџи ближе“ е првата, деби песна на новооснованата група Компани. Кратко после тоа во 2017 година стигна и новата песна насловена „До краја“.

Генерација Зед и соработката со Бресквица

Во возбудливата 2019 година, Војаж започна соработка со Генерација зед (Generacija Zed) преку која продуцентска куќа и каде и денес (окт 2023) ги објавува дел од своите песни. Првото појавување на Војаж како дел од Генерација зед е песната „Отрован“ објавена во мај 2019 на која соработува со Хени (Henny). Здружувајќи се со артистот Хени, тие испратија порака кон сите обожаватели на новиот бран музика или како некој милуваат да ја викаат Ген-З Поп. Со оваа песна започнува соло кариерата на Војаж кој од ден во ден станува се повпечатлив.

Во тој период Војаж најде хармонија не само во неговата музика туку и во љубовта. Неговата соработка со неговата девојка, Бресквица (Breskvica), резултираше со позитивни реакции од слушателите. Нивната плодна соработка започнува со песните „Врати ме“ и „Буди ту“. Кратко после овие две песни, Војаж и Бресквица во соработка со Вук Моб (Vuk Mob) објавијаат нова песна „Кораци у ночи“, објавена во декември 2019 година. Песната има неверојатни 47 милиони прегледи на Јутуб (YouTube).

Овој пар продолжува одлично да се согласува се до последната песна „Бели град“ со која завршува и нивната љубов. Во меѓувреме тие ги објавија песните „C’est la vie“, „Дам“, „Безимена“, „Панцир“ и „Анџеле“.

Новиот почеток на Војаж

Војаж, ѕвездата во подем на музичката сцена, почна да чекори по нов пат после раскинување со Бресквица. Во април 2021 година, тој „фрли бомба“ врз музичката индустрија со неговата песна „Плеши“, во која гостува британецот Џеј Фадо (J Fado). Оваа песна ја воодушеви целата публиката ширум светот. Оваа песна е дел од филмот „Јужни ветар 2“.

Во јули 2021, Војаж за два дена објави две песни, „Картел“ и „Bounce“. Тој ги „запали“ топ листите со соработка заедно со грчкиот рапер Сник (Snik). Нивниот сингл „Bounce“ се искачи на врвот на IFPI Greek Digital Singles Chart.

Како што одминуваше годината, Војаж продолжи да се појавува на насловните страници. Здружувајќи со познатиот српски рапер Раста (Rasta) го објавија синглот „Аман“, брзо потоа и песната „Балкан“ со Нучи (Nucci). Војаж имаше турнеја низ САД во ноември, споделувајќи ја сцената со артистите Нучи, Римски и Корона.

Војаж во серијата „У клинчу“

Во август 2022 година, Војаж повторно се најде на насловните страници поради приклучувањето во телевизиската серија „У клинчу“, која се емитуваше на Радио телевизија на Србија. Серијата беше долго очекувана во јавноста токму поради појавувањето на Војаж како една од главните улоги.

Во серијата Војаж го дели екранот заедно со познатите актери Никола Којо и Бранка Катиќ. Најавата за вклучување на Војаж во проектот испрати бранови на возбуда низ јавноста, оставајќи ги фановите желни да го видат ова моќно трио во акција на малите екрани.

Дискографија

Синглови

  • Сечања (2019)
  • Требала (2019)
  • Врати ме (2019)
  • Буди ту (2019)
  • Кораци у ночи (2019)
  • C’est la vie (2020)
  • Дам (2020)
  • Безимена (2020)
  • Панцир (2020)
  • Анџеле (2020)
  • Бели град (2021)
  • Плеши (2021)
  • Картел (2021)
  • Bounce (2021)
  • Аман (2021)
  • Балкан (2021)
  • Еуфорија (2021)
  • Улоге (2021)
  • Детињство (2022)
  • Гад (2022)
  • Танго (2022)
  • Лондон (2022)
  • I miei Amici (2022)
  • Писмо (2022)
  • Ла Ла Ла (2022)
  • Бела Хадид (2023)
  • Гарава (2023)
  • Мафиа (2023)
  • Blue Racks (2023)
  • Сврати (2023)
  • Block Life (2023)

Албуми

  • Порок и Грех (2019)
  • Еуропол (2022/23)
Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи