Прилично сме сигурни дека ниту најголемите љубители на музиката на Daft Punk (Дафт Панк) не помислиле „Би било супер да го слушнеме албумот Random Access Memories (RAM) без перкусии!“. Сепак, ако не сме во право и ако ова сте го посакувале последните 10 години имаме супер вест за вас.
Неочекувано, популарното дуо продолжи да ја прославува 10 годишнината на својот последен албум „Random Access Memories“ со уште едно реиздание. На 17 ноември 2023, француското дуо Дафт Панк ќе претстави ново реиздание на овој легендарен албум. Верзиите на песните на новото реиздание ќе бидат без перкусии. Новиот албум е само продолжување на прославата на јубилејот, а можеби нема да биде последно изненадување до крајот на оваа јубилејна година за албумот.
За оргиналното издание на „Random Access Memories“
„Random Access Memories“ излезе во мај 2013 и набрзина ги освои обожавателите. Дебитираше на првото место на Billboard 200 листата и на неа помина 56 недели. Очекувано албумот се најде и на првото место на топ листата за Електронска и Денс музика. Дафт Панк успеа да ја освојат и Греми (Grammy) наградата за албум на годината во 2014 година.
Првиот сингл од реизданието
Групата веќе ја претстави првата трака „Within“ со која го најавија изданието. Заедно со неа може да видиме и дел од новиот изглед на пакувањата и илустрациите со кои ќе доаѓа новото издание.
За оние кои се љубопитни да слушнат како ќе звучат „Get Lucky“ или „Fragments of Time“ чекањето наскоро ќе заврши.
10 години од издавање на албумот
Реизданието од мај оваа година, доаѓа со 9 додадени бонус траки кои дотогаш не беа јавно изведувани. Албумот се искачи на првото место на Топ листата за денс/електронска музика. Покрај 35 минути дополнителен материјал од новите песни, албумот дојде со интересни изненадувања за фановите. Цеде (CD) верзијата доаѓа со дигитална книгичка од дваесет страни, а со плочите покрај книгичка имаше простор и за постер.
Покрај сѐ ова, прославата на јубилејот ги вклучи и „Memory Tapes“. Тоа се своевидни сеќавања на работата на соработниците кои работеа на последниот албум на Daft Punk. Во интервјуата може да се слушнат Џулијан Казабланкас (Julian Casablancas), Чили Гонзалез, Panda Bear, DJ Falcon, Тод Едвардс (Todd Edwards). Наскоро треба да бидат објавени и нови епизоди со Фарел Вилијамс (Pharrell Williams), Нил Роџерс (Nile Rodgers) и Пол Вилијамс (Paul Williams), и Крис Касвел (Chris Caswell).
За Дафт Панк во неколку пасуси
Дафт Панк, се француско електронско музички дуо, стана синоним за иновации, експериментирање и музичка брилијантност. Составено од Томас Бангалтер (Thomas Bangalter) и Ги-Мануел де Омем-Кристо (Guy-Manuel de Homem-Christo), ова француско дуо ги освои љубителите на електронска музичка.
На настапите доаѓаа маскирани со роботски шлемови. Ова помалку влијаше на креирање на енигма околу групата, речиси подеднакво интересна како и нивната музика. Нивните албуми, вклучувајќи „Discovery“ и „Random Access Memories“ ги поместија границите на електронската и тенс музика, спојувајќи футуристичките ритам и заразни мелодии. Групата не се плашеше да експериментира и често мешаше house-музика со фанк, диско, техно, рок и синт-поп.
Во 2021 година, по 28 години заедничка работа, Дафт Панк неочекувано се разделија. Оттогаш, Томас Бангалтер го сподели својот соло албум „Mythologies“, а Гај де Хомем-Кристо соработуваше со Тревис Скот (Travis Scott) на „Utopia“.
Зад себе оставија наследство на иновации, креативност и незаборавна музика. Дуото е дел од највлијателните денс групи во историјата. Музичкото списание Ролингстоун (Rolling Stonе) ги рангираше на 12. (дванаесеттото) место на листата со најдобри музички дуа во историјата.
Како изгледаат Дафт Панк?
Embed from Getty ImagesДафт Панк беше познат по тоа што носеше карактеристични кациги и ракавици слични на роботи за време на нивните јавни настапи. Тие го задржаа својот вистински идентитет скриен зад овие легендарни кациги во текот на нивната кариера.
Нивните шлемови честопати беа приспособени и еволуираа со текот на времето, но генерално, тие имаа футуристички, роботски изглед. Кацигата на Томас Бангалтер обично имаше сребрена завршница со визир, додека кацигата на Гај-Мануел де Хомем-Кристо имаше златна или хромирана завршница. Овие кациги станаа синоним за имиџот на Дафт Панк и придонесоа за мистичноста и привлечноста на дуото.