„Поздравете ја Кралицата“ – 8 албуми на прво место за Кајли Миног

Австралија има сопствена кралица, поп-иконата Кајли Миног (Kaylie Minogue) се искачи на првото место на Австралиската неделна топ 50 листа на албуми (ARIA Top 50 Albums for week of 2 October 2023) . Албумот „Tension“ (Тензија) на пејачката дебитира на првото место на топ листата.

Ова е осми албум на Миног на првото место на ARIA и нејзин четврти албум по ред на првото место. Досега на првото место според популарност се најдоа Light Years во 2000 година; Fever во 2001 година; X во 2007 година; Kiss Me Once во 2014 година; Golden во 2018 година, Step Back In Time: The Definitive Collection во 2019 година, и Disco во 2020 година.

Успехот на Кајли на Австралиската топ листа не завршува со албумите. Пејачката има 10 синглови на првото место на листата, од „Locomotion“ до „2 Hearths in“. Првиот сингл на Топ листата пејачката го имаше во 1987 година.

„Поздравете ја кралицата. Во име на сите од ARIA и како супер-фен, ми претставува апсолутно задоволство да и го честитам на Кајли четвртото по ред дебитирање на албум на топ листата на прво место. Возбудливо е да се види како ARIA Hall of Fame пејач продолжува да доминира, да се ре-открива и да ја преставува австралиската музика на глобално ниво. Едвај чекаме да го прославиме успехот на годинешните награди“

вели Анабел Херд (Annabelle Herd), извршна директорка на ARIA

Кајли Миног е вистински миленик на австралиската публика. Пејачката досега освои 16 ARIA Award признанија. Со синглот „Padam Padam“ од албумот Tension, оваа година на ARIA Awards е номинирана за: Најдобар соло артист, Најдобро поп издание, Најдобра песна од независно студио и Песна на годината.

Новиот, 16. албум на Миног – „Tension“ покрај Австралија започна одлично и на глобално ниво. Бројките од продажбата се одлични. Освен во родната Австралија, албумот одлично се продава и во Велика Британија. Tension во Британија успеа да ги продаде повеќе копии од останатите албуми од топ 20. На Британскиот Spotify Top Albums Debut, албумот дебитира на 3-то место.

“Padam Padam” Single Promo, Фотограф: Ерик Мелвин (Erik Melvin) / shorefire.com

Првиот сингл и најава за новиот албум „Padam Padam“ излезе во јуни. Вториот и засега последен издаден сингл е со исто име како и албумот – „Tension“, а беше претставен на 1 септември 2023.

35+ години музичка кариера на Кајли Миног

Кајли е една од најуспешните и најдолговечни австралиски поп музички ѕвезди. Нејзината кариера трае повеќе од 35 години. Во 2011 година Миног влезе во ARIA Куќата на славните.

Кајли Миног е родена на 28 мај 1969 година во Мелбурн, Австралија. Се здоби со популарност на крај на 80-ти години во австралиската телевизиска сериja „Neighbours“. Сепак со светска слава се здоби благодарение на музиката. Музичката кариера ја започна со кавер на песната „Locomotion“. Уште со првиот сингл се искачи на врвот на ARIA топ листата и таму помина 7 недели. „Locomotion“ беше најпродаван сингл во Австралија во 80-тите години. Веќе со вториот сингл „I Should Be So Lucky“ талентот на Кајли беше препознаен глобално. Песната помина 5 недели на врвот на Британската топ листа.

Поп-хитовите на Кајли како „Can’t Get You Out of My Head“ и „Spinning Around“ беа на самиот врв на светските топ листи.

Покрај музиката Кајли е позната и по своите сценски настапи и одлични музички видеа. Со кариера која трае повеќе децении, Кајли Миног продолжува да ги инспирира своите обожаватели низ целиот светот со својата талентираност, издржливост и вечната привлечност.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи