Раперот Клинац (Klinac) или по ново Џорџе (Đorđe) се појавува во две песни од албумот „Сирене“. Во двете песни тој се појавува токму со овие две различни авторски имиња.
Албумот „Сирене“ на Фаберге (Faberge) е објавен на 30 септември 2023. Албумот има 10 песни и едно музичко видео за правата песна што го носи истото име како албумот „Сирене“.
„Цп“ е песната во која Џорџе Чаркиќ му гостува на Фаберге под името Џорџе заедно со Венок (Venok). Со старото име Клинац се појавува во песната „Клавири“. Тој исто така учествува во албумот како продуцент.
Џорџе Чаркиќ – Клинац е мистериозен артист кој не зборува многу за својата приватност. Тој е роден на 6 јануари 2001. Овој датум е значаен и за неговата кариера. Трите студиски албуми во неговата кариера се токму објавени на тој датум.
Заедно со неговиот последен албум „Ворба“ стигна и неговото ново авторски име Џорџе (Đorđe). „У Ночи“ (Во ноќта) и „Приоритети“ се неговите други два студиски албуми потпишани од уметничкото име Клинац.
Многу од фановите на Клинац го поставуваа прашањето: Зошто Клинац го смени своето име во Џорџе? Неодамна таткото на Клинац кој е пианист, на еден подкаст го одговори тоа прашање кое кружи низ социјалните мрежи.
Можеби и јас сум виновен за тоа. Го зезавме и му реков: замисли ти пројде таа твоја кариера и за 45 години дојдат Стонси, ти со нив соработуваш, а тие зборат „еве го клинац“, а ти стар маж, имаш фамилија и деца…
вели Арсен Чаркиќ (таткото на Клинац)