„Патрон“ е новата песна на Биба и Секси од Црни Церак

Момците од Црни Церак (Crni Cerak) објавија нова песна, но овој пат третиот член на групата, Ourmoney не е дел од песната. „Патрон“ е името на новата песната од Биба (Biba) и Секси (Seksi).

Биба и Секси на инстаграм ја најавија песната уште на 14 септември 2023. Иако е нормално секогаш да има негативни коментари и реакции, новата песна „Патрон“ им се допадна на поголемиот дел од фановите.

Премиерното објавување на песната „Патрон“ беше на 30 септември 2023 заедно со видео спотот кој е карактеристичен за овие момци. Автор на музичкото видео е Коста Црнобрња (Kosta Crnobrnja) истиот кој го едитираше спотот на песната „Топ“ од Биба.

Биба и Секси иако се дел од групата Црни Церак тие работат и прават музика и како самостојни автори и ја изведуваат музиката како самостојни изведувачи. И двајцата имаат свои песни како соло изведувачи што станале хитови и бројат милионски прегледи.

Биба и неговите текстови се поемотивни за разлика од текстовите и песните на Секси. Неговата најпопуларна песна „Топ“ објавена летото оваа година е токму показател за тоа. Виба има албум под името „422“ како втор дел од ЕП-то „420“. Песната „Манго“ е последната негова песна. Прочитај повеќе.

Текстот и музиката за песната „Патрон“ се на самите артисти, Ѓорѓе Бибиќ – Биба (Đorđe Bibić) и Реља Деспотовиќ (Relja Despotović) – Секси. Аудиомиксот, мастерингот и аранжманот е на Кела кој е заедно со Црни Церак од самиот почеток. 11808 заедно со Кела работела на битот за песната „Патрон“.

Песната „Патрон“ е достапна и на сите популарни платформи за преслушување музика.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи