Во првата половина на септември 2023, младата македонска пејачка Лина Пејовска објави дека ќе ја посети Австралија. Првично беше објавено дека нејзините обожаватели ќе може да уживаат во нејзината музика во декември 2023, за жал на нејзините фанови настапот е одложен и ќе биде закажан за 2024 година.
Лина требаше да настапи заедно со Владо Јаневски и Ѓоко Таневски, но и нивните настапи се откажани. Наместо овие изведувачи љубителите на македонска музика во Австралија ќе можат да ужуваат во музиката на Пајак, ДНК и Наум Петрески. За Петрески и ДНК не треба посебно претставување, а Пајак е млад музичар во подем. Наум секако е ветеран кога се во прашање австралиските турнеи, а за Пајак ова ќе биде прв настап во Мелбурн, но и во Австралија.
Публиката без сомневање ќе ужива во настапот на Петрески, кој е еден од најпопуларните македонски фолк пејачи во последните 40 години.
Се чини дека организаторот Republika Entertainment има своевиден шаблон кога ги организира овие концерти. Пајак и ДНК се популарни кај помладата публика, а Наум Петрески кај повозрасната публика. Изгледа дека овој, но и одложениот концерт во Q Room се конструриани за да се привлече и да биде задоволно цело семејство.
На онлајн продавницата за билитете и натаму се продаваат билети за Владо Јаневски, Ѓоко Танески и Лина Пејовска, но Лина Пејовска во Австралија нема да патува во декември. Сепак, во насловот стои дека ќе настапат ДНК, Пајак и Наум. Еден билет чини 80 австралиски долари. Нека не ве збунува не ажурираната веб страна пркеу која се продаваат билетите. Настапите на Лина Пејовска, Владо Јаневски и Ѓоко Таневски се откажани.
1 comments