„Атомски град“ од U2

„Атомски град“ од U2, Ирците со нова песна

Веројатно најпопуларниот ирски рок состав на сите времиња U2 (Јуту) ги израдува обожавателите со нова песна. U2 се вратија во студио и ја создадоа „Atomic City“ (Атомски град) по две години пауза од последната нивна песна.

Новата песна е омаж на Блонди (Blondie), Џорџио Мородер (Giovanni Giorgio Moroder) и на градот Лас Вегас. Влијанието на „Call Me“ на Blondie и Мородер не е премногу тешко да го забележите во песната. „Атомски град“ (Atomic City) е еден од прекарите на градот Лас Вегас. Во видеото за песната токму Вегас ја има главната улога, помеѓу колажите од ликовите на членовите на групата.

„Атомски град“ е инспирирана од популарната „писта“ во Лас Вегас. Групата на 30 септември 2023 ја отвори ултра модерната концертна сала „Sphere“ (Сфера) во Лас Вегас, САД. U2 не само што ја отвори салата, туку веќе има закажано и 25 концерти од 20 септември од 16 декември оваа година (2023).

Во видеото за песната се појавуваат сите членови на групата, Боно (Bono), Еџ (the Edge), Адам Клејтон (Adam Clayton) и Лери Мулен Џуниор (Larry Mullen Jr.). Лери имаше хируршка интервенција од која закрепнува и поради тоа нема да биде дел од концертите на групата. Групата на тапани ќе ја придружува холандскиот тапанар Брам ван ден Берг (Bram van den Berg).

„Sphere е повеќе од обично место за настап, тоа е и галерија, а музиката на U2 ќе биде насекаде низ ѕидовите.

Убавината на Sphere не е само револуционерната технологија што ја прави уникатна, со најнапреден аудио систем во светот, интегриран во структура која е дизајнирана со квалитетот на звукот како приоритет. Туку и можностите за потполно потопување во реални и имагинарни пејзажи.

Накратко, тоа е платно со неспоредливи размери и резолуција на слика и можност што се појавува еднаш во генерација. Сите размислувавме за тоа. Заклучивме дека би биле луди да не ја прифатиме поканата.“

вели Еџ

Како изгледа Sphere може да погледнете на видеото подолу.

Пред „Atomic City“ последна песна на U2 беше „Your Song Saved My Life“. Песната беше објавена во 2021 година.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи