„AM/PM“ на Кида и Бутринт

„AM/PM“ на Кида и Бутринт со 55 милиони прегледи на Јутуб

„AM/PM“ на Кида и Бутринт по една година има фантастична бројка прегледи на Јутуб. Кида (Kida) и Бутринт Имери (Butrint Imeri) во 2022 година го претставија својот заеднички проект наречен „AM/PM“. Поп-денс песна што беше издадена на 3 јули 2023 и по една година и три месеци благодарение на заразната мелодија и вокалите достигна 54,7 милиони прегледи на YouTube.

Еден интересен дел од целиот проект е неговата поделеност во две различни целини – ден и ноќ.  Станува збор за различни песни „АМ“ и „PM“ (ден и ноќ) кој проектот ги спојува во една целина. Двата дела имаат допадлива мелодија и одлично испеани вокали, па популарноста на песните не е изнанадување.

Продукцијата на проектот е на Челик Липа (Çelik Lipa).

Бутринт Имери e 27-годишен R&B/поп пејач и танчер роден во Лорах, Германија. Веќе има испеано 20-на синглови. Покрај тоа што неговите песни се популарни во Албанија и Косово, некои од неговите песни се во Топ 10 листите и во Швајцарија. Бутринит има многу соработки со други изведувачи. Една од нив е и онаа со Елени Фуреира (Eleni Foureira).

Kida (Orhidea Latifi) e 25-годишна пејачка од Приштина. Својот деби студиски албум „Orchidé“ го издаде во јуни 2021 година.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи