Бен Афлек, инспирација на Џенифер Лопез за нејзиниот нов албум

Бен Афлек е инспирација на ЏејЛо за нејзиниот албум во најава. Популарната американска пејачка Џенифер Лопез е дел од забавната индустрија над 30 години. Лопез започна како пејачка, но веќе има и повеќе актерски остварувања. Препознатлива е и по модата и филантропијата, и без сомневање е дел од највлијателните латино ѕвезди.

Во првата половина на 2023 година приходите од латино музика достигнаа рекордни 627 милиони американски долари. Во годинешната заработка na Лопез музиката е само еден мал дел, но нејзиното влијание во развојот на музичкиот свет сеуште е силно.

Пејачката во ноември 2022 година, на дваесетгодишнината на изданието „This is me… Then“ (Ова сум јас… тогаш) го најави својот нов албум со назив „This is me… Now“ (Ова сум јас… сега).  Ова ги израдува обожавателите кои речиси 10 години чекаа нов албум од Џеј Ло. Засега нема точен датум на која албумот ќе биде објавен, но според најавата ќе биде до крајот на 2023 година.

„This is me… Now“ е своевидно продолжение на „This is me… Then“ ја комплетира романтичната приказната на Лопез и актерот Бен Афлек. Во оваа насока е и „продолжението“ на „Dear Ben“, со наслов „Dear Ben Part II“. Пејачката не крие дека повторната врска со Афлек е инспирација за албум што ќе го види светлото на денот до крајот на 2023 година. Според најавата ова ќе биде прв албум во која пејачката ќе споделува лична, искрена музика.

„Луѓето мислат дека знаат што се случило, мажите со кој бев – во суштина немаат поим, а често не се во право. Има дел од мене кој крие цела страна од мене од сите. Чувствувам дека секам сум во момент од животот кога можам да можам да кажам нешто за тоа.“

вели Лопез

Она што е поинтересно е кусото видео со кое го најави новиот албум. Во неколку секунди Лопез и омотот на стариот се трансформираат во своите „нови верзии“ .

Снимањето на албумот е завршено уште на 29 јуни 2023, па сега го чекаме официјалниот датум на објавувањето на новиот албум „This is me… Now“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи