„Абракадабра“ од Галена и Теа Таировиќ

„Абракадабра“ од Галена и Теа Таировиќ

Во светот на музиката различностите и диверзитетот се исклучително ценети. Различни артисти од  различни средини често соработуваат за да креираат уникатен музички спој. Бугарската хит пејачка Галена и српската ѕвезда Теа Таировиќ (Теа Таировић) ја објавија својата поп-фолк песната „Абракадабра“.

Песната и видеото излегоа на 15 јуни 2023, а издавач е KVZ Music.

Соработките можат да донесат супер-интересен микс на културно и музичко влијание, но тоа некако не е случај во оваа песна. Вокалите на пејачките се доволно слични што да не е видеото, нема да биде едноставно да направите разлика, која пее во кој дел од песната (се разбира доколку пејат на ист јазик). Дополнително и мелодијата што е одбрана за соработката не соодветствува на регионот од кој доаѓаат двете пејачки.

Ако магијата на музиката не е доволна да ве привлече, тогаш изгледот на Галена и Теа сигурно е добра причина. Двете пејачки изгледаат прекрасно што во старт е одлична предност за визуелната компонента на проектот.

Пејачките заедно со Саша Лазиќ се потпишуваат како автори на текстот за песнта. Песната е снимена во студиото DG Production. Авторот на музиката е Фивос „Phoebus“ Тасопулус (Fivos Tassopoulos), а аранжманот е на Даниел Галев. Режисер на музичкото видео е Виктор Антонов – Рики.

Галена (Галина Вичева Генчева) е една од најпопуларните пејачки во Бугарија. Во 2021 нејзината заработка беше проценета помеѓу 930 илјади и 1,3 милиони американски долари. Теа Таировиќ е српска пејачка, текстописец и танчарка која се прослави на „Ѕвездите на Гранд“ (Zvezde Granda).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи