Џејла и Хени - Ризик

„Ризик“ од Џејла Рамовиќ и Хени

Младата босанска пеачка Џејла Рамовиќ (Džejla Ramović) во соработка со Хени (Henny) ја објавија песната „Ризик“. Песната е објавена на 25 септември 2023 и веќе се наоѓа прва на трендинг листата на Јутуб.

Во поголемиот дел од песната се слушаат вокалите на Џејла Рамовиќ, а Хени го пее рефренот кој лесно останува во главите на слушателите и дава доза автентичност на песната.

Џејла Рамовиќ е млада пејачка од Босна и Херцеговина. Таа има освоено прво место на српското талент шоу „Неки нови клинци“. Покрај тоа во 2019 таа учествуваше на музичкиот натпревар „Звезде Гранда“ каде што го освои првото место.

За основачот на Генерација Зед, Хени ова е петта песна оваа година. Песната е карактеристична за него, го има ритамот што го следи во секоја негова песна. Хени својата најголема популарност ја стекна со песната „Мартини“.

Текстот на песната „Ризик“ е на Реља Торино (Relja Torinno) кој е дел од дискографската куќа Генерација Зед, а Саша Диниќ (Sasa Dinic) е заслужен за аудиомискот и мастерингот.

Хени на својот инстаграм профил објави и неколку слики од снимањето на спотот.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Елени Фуреира
Read More
Елени Фуреира
Елени Фуреира (Ελένη Φουρέιρα) е натурализирана грчка пејачка, актерка, танчарка и модна дизајнерка.