„TEC“ е новиот албум на Lil Tecca

Младиот рапер од Њујорк, САД го објави својот трет студиски албум. Новиот албум „TEC“ е објавен на 22 септември 2023. На 27 јануари 2023 за прв пат беше најавен албумот на платформата X (поранешен Твитер – Twitter).

Албумот има шеснаесет песни од кои две се соработки со Кодак Блек (Kodak Black) и Кен Карсон (Ken Carson). Некои песни од албумот се објавени предходно како синглови и веќе бројат милионски прегледи.

Песните „Dead or Alive“, „500lbs“ и „Need Me“ за разлика од другите песни на албумот се песни што имаат и видео спот. Од овие три песни кои имаат спот, „Need Me“ има најмногу прегледи.

Песната по која Lil Tecca е препознатлив го носи името „Ransom“ . Песната како дел од албумот „We Love You Tecca“ е објавена во 2019 година и има повеќе од една милијарда стримови на Спотифај (Spotify).

Lil Tecca објави неколку слики на својот инстаграм профил како промоција за новиот албум „TEC“. Тој им се заблагодари на сите кои учествувале во креирањето на албумот и на тие кои го слушнале и ќе го преслушаат.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи