Ларта во џез клубот Бова во Истанбул

Ларта во џез клубот Бова

Ларта во џез клубот Бова – Турција ќе има можност да го претстави својот авторски репертоар. Со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и
македонскиот културно-информативен центар во Истанбул – Турција, утре на 24 септември 2023, скопскиот тапанар Дино Милосављевиќ ќе ја има можноста да го претстави проектот
Ларта во џез клуб Бова (BOVA Sahne) во Истанбул.

Дел од Ларта (LARTA) се и скопските музичари Ѓоко Максимовски на бас, Васко Бојаџиски на
тенор саксофон и Владан Дробицки на тромбон кој воедно е и продуцент на албумот со
наслов „Fragments“, издаден за етикетата ПМГ Џез минатата година во Скопје. Концертот ќе
се случува во бултниот џез клуб Бова, познат како еден од врвните џез-барови во Истанбул, лоциран на раздвижениот Мис Сокак во срцето на Бејолу и со редовен распоред на секојдневни локални џез-ансамбли.

Сигурни сме дека Ларта во џез клубот Бова ќе уживаат во нивниот настап. Ние им посакуваме успешно претставување и добра забава на четворицата одлични инструменталисти и музички автори.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи