Легендарниот македонски состав Леб и сол при крајот на септември 2023 ќе го помине работно. Групата најпрво на 28 септември ќе одржи инструментален концерт во Белград. Потоа ќе бидат гости на Drum Dum Fest настанот што ќе се одржи на 29 и 30 септември.
Веројатно најпрепознатливиот македонски, па и југословенски џез-рок состав ќе настапи во клубот „Zappa Baza“. Леб и сол сега има малку поинаква постава од деновите на најголемата слава. Групата ќе ги одржи концертите во Србија во состав Кокан Димушевски – клавијатури, Бодан Арсовски бас-гитара, Михаил Парушев – тапани и Димитар Божиков – гитара.
Групата својот последен албум „И така натака…“ го сними во 2007 година. На албумот гостин е уште една екс-ју рок легенда Дадо Топиќ (Dado Topić).
На репертоарот на овој состав на групата се сите песни од првиот до последниот албум. Публиката во Србија ќе може да ужива во „Јовано, Јованке“, „Биста вода“, „Како ти драго“, „Ручни рад“ и многу други песни на бендот.
Интересно е што иако групата има одржано стотици концерти во својата историја, инструменталните се во значително помал број.