„Оригами“ на Рут Колева е уникатно уметничко искуство

„Оригами“ (Origami) е сингл на бугарската изведувачка Рут Колева (Ruth Koleva). Ова е петти сингл што пејачката го издава во соработка со Warner & Orpheus Music.

Премиерата на изданието беше на 7 јули 2023, но не станува збор за песна што претендира да биде „летен хит“. Траката е одличен спој на електронска музика, денс, поп и R&B и е многу повеќе од наменска „песна за едно лето“.

„Оригами“ е продуцирана од Ѓорѓи Линев (Georgi Linev) кој е познат и како Kan Wakan. Автор на песната е Илијана Недјалкова (Iliana Nedyalkova). Темите на песната се само-изразувањето, преобразбата-трансформацијата и надминувањето на границите на реалноста. Ова во еден дел е присутно во текстот, но овој лајтмотив на сујкетивната лирика одлично комуницира и со визуелната компонента на песната.

Од видеото се чини дека пејачката не ја заборава ниту својата најверна публика во Јапонија. Музичкото видео е спој на видеоигра и препознатлива јапонска анимирана естетика. Видеото го носи гледачот во фантастичен свет на фантазијата во кој сѐ е можно, со постојано потсетување на трансформацијата преку различни визуелни ефекти.

„Оригами“ неодамна наполни 2 месеци, но ако ја немате слушнато, може да биде навистина пријатно изненадување и добро искуство.

Повеќе музика од Колева може да пронајдете на нејзината официјален веб-сајт.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи