Романската пејачка Minelli со нов денс сингл „Сè што ми треба“

All I Need“ е нов поп-денс сингл на романската пејачка Минели (Minelli). Официјалната премиера на видеото за песната беше на 14 септември 2023.

Покрај вокалите, пејачката е комплетен автор на музиката и текстот на песната. Иако Minelli во минатото сама продуцираше некои од своите песни, овој пат аудио-продукцијата му ја довери на продуцентот Александру SICKOTOY Котој (Alexandru Cotoi). Ова е нивна втора соработка, а претходно заедно работеа на „Think About U“.

Пејачката ја има главната улога и во видео спотот кој е дело на режисерот Александру „Quba“ Гајаила (Alexandru Gajaila).

Луиза Ионела Лука - Минели
Луиза Ионела Лука – Минели

Зад сценското име Minelli се „крие“ Луиза Ионела Лука (Luisa Ionela Luca). Станува збор за исклучително продуктивна авторка и продуцентка. На музичка сцена е активна од 2006 година, но јавноста ја забележа со синглот „Mariola“ кој го издаде во 2019. Песната има над 20 милиони прегледи на Јутуб (YouTube) и беше во врвот на романските Airplay, iTunes, TV и Spotify Viral 50.

Нејзиниот најголем хит „Rampampam“ забележа меѓународен успех. Траката успеа да достигне над 250 милиони прегледи, 160 милиони стримови и често беше пуштана на радио станиците во Романија, Бугарија, Франција, Турција и Русија.

Minelli како соло автор, дел од група или колаборација соработувала на дваесетина сингл изданија. Засега има еден студиски албум „Nostalgic Illusions“, кој го издаде на 25 ноември 2020.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи