Во најавената песна „Шефот“ Шакира звучи и изгледа одлично

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира (Shakira) на 15 септември 2023 преку друштвените мрежи ја најави својата нова песна „El Jefe“ (слободен превод: Шефот). Љубителите на музиката на Шакира не треба дa чекаат премногу за да ја слушнат песната.  Песната официјално излегува на 20 септември 2023, и ќе биде достапна на Јутуб (YouTube).

„Шефот“ e соработка на 46-годишната пејачка со групата Fuerza Regida. Бендот е мексиканска музичка група од Сан Бернардино, САД. Популарноста на мексиканската музика е во пораст веќе неколку месеци, а токму ова е една од причините за соработката, смета Billboard.

Од она што може да ги слушнеме во најавата, новата песна не е премногу далеку од звукот на Шакира. Мексиканскиот звук е присутен, но сепак вокалот на Шакира ја прави песната препознатлива за нејзе. Во најавата за песната може да ја видиме пејачката во високи црни чизми, црнo здолниште со реси и црна каубојска шапка. За повеќе детали за песната, но и изгледот на Шакира, погледнете ја најавата.

Оваа година пејачката веќе издаде два сингла. „Shakira: Bzrp Music Sessions, Vol 53“ излезе на 11 јануари 2023. Последниот актуелен сингл „TQG“ што е соработка со Karol G, излезе на е 24 февруари 2023.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи