Погледнете го новиот спот на Војаж и Меро за песната „Block Life“

Долго очекуваната песна „Block Life“ конечно е достапна на Јутуб и на платформите за преслушување (streaming) на музика. Интернационалната соработка помеѓу Војаж (Voyage) од Србија и германецот Меро (Mero) резултираше со одлична трака што ги одушеви фановите уште во првите часови по објавувањето на песната.

15 септември 2023 не е само датумот на кој е објавена песната, туку е и денот на кој е роден Војаж (Михајло Веруовиќ). Тој со објавувањето на песната го прослави својот 22. роденден. Веруваме дека дуетот со Меро била една од неговите роденденските желби.

Новата песна „Block Life“ веќе е позната за слушателите бидејќи беа споделувани делови од песната на социјалните мрежи пред таа официјално да биде објавување.

Војаж е српски артист кој има само 22 години. За Војаж „Block Life“ не е прва интернационална соработка. Тој има соработки и со J Fado, Pajel и Niko Pandetta. Неговите песни имаат милионски прегледи. Војаж има две заеднички песни и со македонскиот артист Јосиф. „Vybe“ и „Trapstarz“ се нивните заеднички соработки што бе објавени пред повеќе од 3 години.

Меро е германски рап артист кој има турско потекло. Неговата прва песна „Baller los“ воедно и една од најпопуларните негови песни брои повеќе од 200 милиони прегледи. Тој е еден од ретките кој со својата прва песна успеале да го достигнат тоа ниво на популарност.

Сликата е преземена од инстаграм профилот на Војаж
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи