Зошто Drake го одложи објавувањето на албумот „For all the dogs“ за 6 октомври 2023?

Албумот „For all the dogs“ (За сите кучиња) кој беше најавен за 22 септември е презакажан за 6 октомври. Фановите на Дрејк ќе почекаат неколку дена повеќе.

Дрејк на својот инстаграм профил објави дека главната причина за одложувањето на албумот е неговата турнеја „It’s All a Blue“. Албумот е презакажан за да може тој да ја заврши турнејата.

„Океј, мојата дилема е дали да се откажам од настапите за да го завршам албумот или да ги завршам настапите и да го објавам албумот пред последниот настап. Ви ги должам сите овие спомени што ги градиме и каде и да сме пропуштиле до денес, сигурно ќе се вратиме назад.“

вели Дрејк (Drake)

Пред да го објави закаснувањето на албумот, Дрејк ја објави новата песна „Slime you out“ која е соработка со пеачката СЗА (SZA) и која се очекува да биде дел од албумот „For all the dogs“.

Турнејата е предвидена да заврши на 9 октомври 2023, а датумот на кој ќе биде објавен албумот е 6 октомври 2023. На тој датум Дрејк има концерт во својот роден град, Торонто. Веројатно ексклузивата за промоција на новиот албум ја чува за своите фанови-сограѓани.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи