Заврши вториот фестивал „Нов балкански ритам“

Нов балкански ритам

Заврши вториот меѓународен фестивал на телесна музика (Body Music) во Сремски Карловци – Србија „Нов балкански ритам“ во организација на членовите на групата Alice in WonderBand. Предавачи и изведувачи на фестивалот беа Макс Полак (Њу Јорк), Елена Христова (Скопје), Ана Ломбарт (Барселона), Бен Шиќ (Хамбург) и Марко Дињашки и Ана Врбашки (Сремски Карловци).

Сремски Карловци е малечко гратче на брегот на Дунав, во близина на Националниот парк „Фрушка гора“. Градот е познат по убавото грозје, мед, вино и ракија, а веруваме наскоро ќе биде и по фестивалот „Нов балкански ритам“.

Организатори на фестивалот се Ана Врбашки и Марко Дињашки кои настапуваат под името Alice in WonderBand.

За Alice in WonderBand

Alice in WonderBand e динамичниот дуо. Без проблем ги спојуваат балканската светска музика и невообичаениот ритами со телесната музика и перкусијата. На сцената – ја воодушевуваат својата публика. Покрај музичкато врска, Ана и Марко се и во романтична врска. Парот живее покрај Националниот парк Фрушка гора, длабоко во природата.

Нивниот необичен стил ги спојува музиката со телесните движења и природата. Нивните настапи се центар за танц, движење на сцената и музика. Alice In WonderBand креира хармонична заедница со публиката, поттикнувајќи чувствата на заедништво, поврзаност и инспирација преку пеење и плесок со раце.

Низ 11 јазици, ја изведуваат својата музика низ Европа, вклучувајќи земји како Германија, Франција, Италија и Турција, како и низ државите од поранешна Југославија. Со своите настапи, преку музикатата и културата илустрираат единството, покажувајќи како културата, музиката и движењето можат да ги поттикнат разбирањето и помирување.

Alice in WonderBand – Ана Врбашки и Марко Дињашки | фотографка: Алиса Дињашки (Alisa Dinjaški)

Покрај дванаесетте работилници за телесна музика кои се одржаа во текот на трите дена, големо внимание на јавноста привлече и концертот на предавачите кој го отвори фестивалот на 25 август 2023. На концертот учествуваше и македонската група „Баклава“.

Елена Христова од Баклава на фестивалот беше организатор и на неколку пејачки „работилници“. Таа подготви неколку традиционални македонски песни со комплексен, неправилен егзотичен ритам. Учесниците на работилниците можеа да „си играат“ со овие песни да импровизираат и да креираат волшебни звуци.

Фестивалот се реализираше со поддршка на Секретаријатот за култура на Град Нови Сад, во партнерство со Туристичката организација на Сремски Карловци, СОШО „Милан Петровиќ“, Планинското движење Војводина, еколошкиот центар „Радуловачки“ (Radulovački), а граѓанското здружение „Отворен круг Нови Сад“ (Otvoreni krug Novi Sad) е организатор на настанот.

Фотографија од концертот што го отвори настанот | Фотографка: Соња Бабиќ – Вејновиќ (Sonja Babić – Vejnović)

Телесната музика и нејзината сцена и по фестивалот продолжува со нејзиниот живот. На 5 септември 2023 бендот Alice in WonderBand премиерно ќе го изведе спотот за песната „Јовано, Јованке“ од нивниот последен албум „RikaTaka, New Balkan Rhythm“ (РикаТака, нов балкански ритам) објавен за германската издавачка куќа CPL-Music. Спотот е реализиран со поддршка на фондот Креативна Европа, од проектот МОСТ Музика – Балкански музички извоз, чиј дел е и оваа музичка група.

На 9 септември 2023, во 19 часот, дуото настапи на фестивалот Балкан: МОСТ во Веспрем, европската културна престолнина. Фестивалот е финале на тригодишниот меѓународен проект МОСТ мјузик. Alice in WonderBand беше во воведниот чин на Марина Сати (Marina Satti), грчка ѕвезда од светската музичка сцена. На фестивалот настапија и Barcelona Balkan Gipsy Orchestra, Дубиоза колектив, Ману Чао и многу други.

Има најава дека Alice in WonderBand ќе може да ги видиме во Скопје на годинешниов Виноскоп што ќе се одржи во октомври 2023.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи