„Flecc“ е новата песна на најлудото дуо на Балканот. Песната е објавена на 5 септември 2023, а веќе се наоѓа на листата трендинг на Јутјуб. Десингерица (Desingerica) и Пљуѓица (Pljugica) се српски артисти кои немаат цензури во нивните песни. Моментално тие се меѓу најпознатите на Балканот, а нивната музика многумина ја нарекуваат и сељачки дрил.
Видео спотот за песната „Flecc“ е карактеристичен за ова откачено дуо. Во видео спотот на една од претходните песни Десингерица пие бензин. Овој пат во видео спотот за „Flecc“ пие боја за варосување.
Десингерица и Пљуѓица се препознатливи по својте несекојдневни настапи. Десингерица на настапите ја користи својата патика како што тој вели да ги „крсти“ своите фанови. Тоа е и причината зошто тие веќе не смеат да настапуваат во Бања Лука, пишува 24sedam.
Новинарите секојдневно го обвинуваат за непримерното однесување на настапите, но тој не застанува и неговата популарност секојдневно се зголемува.
Моторна пила и фрлање на чорапи се само дел од настапите на ова лудо дуо кое континуирано привлекува нови слушатели. На најголемиот фестивал во Белград (Belgrade Music Week 23) тие привлекоа најголемо внимание со нивниот настап.