Посетителите на Burning Man 2023 конечно си одат дома

Годинешниот Б’рнингмен (Burning Man 2023) (превод: Човек што гори) нема да остане во добро сеќавање кај најголем дел на посетителите. Обилниот дожд и поплави буквално ги заглавија посетителите на фестивалот, а има пријавено и една жртва, јави CNN. Илјадници посетители конечно на почетокот на неделава (4-10 септември 2023) добија дозвола од организаторите на настанот да ја напуштат локацијата.

Покрај забраната за движење дел од посетителите започнаа да возат кон своите домови порано. Па од 72.000 посетители на Burning Men, во моментот на прекин на забраната останатите 64.000 може да ја напиштат локацијата.

Вообичаено посетителите на фестивалот се навикнати на огромни горештини. Оваа година времето ги изненади, па поради врнежите беше одложено и палењето на тотемот. Во период од 24 часа на територијата на Северозападна Невада наврна дожд колку што во просек врне во 2 или 3 месеци.

Поради колоните и густиот сообраќај на локацијата, на возилата им беа потребни 7 часа да го напуштат привремениот град.

Што е Burning Man?

Burning Men е годишен настан што се одржува во пустината Блек Рок во Невада, САД. Локацијата е на 160 километри на север од Рено, Невада.

Настанот е познат по екстремното самоизразување, креативната уметност и недостатокот на правила или структура. Нема билети или надоместок за влез, а учесниците се охрабруваат да донесат сѐ што им е потребно за да преживеат во текот на неделата. Единствен услов е посетителите да се регистрираат за настанот. Настанот е познат и по тоа што од учесниците се очекува да спакуваат сè што ќе донесат и да ја остават локацијата како пред да дојдат.

Burning Men - Фотограф: Адам Хорнијак (Adam Hornyak) @ Unsplash
Скулптурата со назив „Љубов“ на Александар Милов, се појави на фестивалот Burning Man во 2015 година. (Фотограф: Адам Хорнијак (Adam Hornyak) @ Unsplash)

Фестивалот започна да се одржува на почетокот на осумдесеттите со палење на оган во пустина за време на летната долгодневница. За официјален почеток на фестивалот се зема 22 јуни 1986 година кога Лери Харви (Larry Harvey), Џери Џејмс (Jerry James) и неколку пријатели запалиле дрвен човек и куче во пустината. Датумот на кој се одржува сега е променет. Годините наназат вообичаено е во неделата пред Денот на трудот (Labor Day – 4 септември).

Burning Man
Фотограф: Линда Вотенвајлер (linda wartenweiler) @ Unsplash

Главниот момент на фестивалот и денеска и палењето на тотемот во форма на огромен дрвен човек. Покрај ова, на фестивалот Burning Man има и многу друга уметност и уметнички инсталации. Инсталациите може да бидат различни и без ограничувања, од едноставни скулптури до разработени тематски кампови. На настанот има и многу музика и танцување и е одлично место за доживување на нови форми на уметност и изразување.

Burning Man
Фотограф: каролајн Витинхел (Caroline Whittinghill) / CC BY-SA 4.0
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи