Пајак и Таско ја најавија новата песна „Намерно“

Намерно“ е резултат на новата соработка помеѓу Пајак и Таско. Песната ќе биде објавена под етикетата на Урбан рекордс (Urban Records). Продуцентот на видеото е исто така Урбан регордс.

Според тоа што може да се види на кратката најава на Инстаграм, Таско и Пајак ги користат последните денови од летото за да издадат заедничка летна-поп песна. Делува дека стилски не се оддалечуваат многу од она што го прават досега, но за конечна оценка ќе треба да ја почекаме промоцијата и да ја преслушаме целата песна.

Официјалната YouTube премиера е закажана за денес (среда, 6 септември 2023) во 14:00 часот (CEST).

Покрај тоа што се изведувачите, Пајак и Таско се и авторите на музиката и текстот за песната „Намерно“. Аранжманот и битот се на Иван Јованов – Iwayo, а Iwayo се потпиша и зад аудиопродукцијата и мастерингот.

Ова е втора соработка на Пајак и Таско. Во 2021 заедно ја реализираат песната „Психо“. Интересно, речиси истиот тим кој работеше на „Психо“ работи и на новата песна.

Бидете присутни на Јутуб каналот на Урбан рекордс за да ја проследите премиерата на „Намерно“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи