Тимбаленд (Timbaland), Џастин Тимберлејк (Justin Timberlake) и Нели Фуртадо (Nelly Furtado) ја претставија својата нова песна „Keep Going Up“ (слободен превод: Продолжи да одиш нагоре). Синглот е издаден од Mosley Music Group и Def Jam Recordings.
Резултатот на соработката на триото е одлична, оптимистичка и позитивна порака спакувана во модерна продукција. Изјавата „Креиравме магија“ (We Created Magic) на Тимбаленд можеби изгледа претерана, но не е премногу далеку од вистината.
Заедно со песната издадено е и видео во кое е прикажан дел од креативниот процес на тројцата изведувачи додека ја снимаат песната во студиото. Тројцата снимаа заедно, но Тимбаленд и Џастин ги снимија вокалите заедно во истото студио, а Фуртадо ги снимаше вокалите од друга локација (remote).
„Бев на телефон со еден од членовите (на Beatclub) и ми пуштија една многу заразна песна. Си реков „Тоа е тоа! Не знаев што е тоа, но знаев дека е. Додека одев ми текна: „Ох! Што ако сме јас, Џастин и Нели?“. Бев на телефон, а Нели ми прати порака за нешто друго. И реков: „Баш сакав да ти пратам текст за песна која мислам дека треба да ја снимиме заедно“. Рече: „Кога? Каде? Доаѓам.“
вели Тимбаленд за Форбс (Forbes)
Ова не е прва соработка на Тимбаленд, Тимберлејк и Фуртадо. Пред 16 години го објавија синглот „Give It to Me“ кој се искачи на првото место на Billboard Hot 100. остануваме да го следиме животниот век на песната за да дознаеме до каде „Keep Going Up“ ќе заврши на светските топ листи.