Иако неодамна наполни 80-години Мик Џегер нема намера да забави. Ролингстонс (Rolling Stones) го најавија својот нов албум „Hackney Diamonds“. Ако сте љубители на музиката на рок легендите уште повеќе ќе ве израдува веста дека за повеќе официјални информации не треба да чекате долго. На официјалната страница е објавен (save the date) календар со тајмер што истекува оваа на 6 септември 2023.
Гласините за нов албум започнаа во август 2023 откако групата закупи рекламен простор за лажна реклама за компанија за поправање на стакло во локален лондонски весник. Фановите на групата забележаа дека огласот содржи асоцијации до некои од најголемите хитови на групата.
“Our friendly team promises you satisfaction” или “When you say gimme shelter we’ll fix your shattered windows” навестувањата не се премногу суптилни, па лесно се забележуваат „(I Can’t Get No) Satisfaction“ и „Gimme Shelter“. Брзо по објавувањето на огласот, во Американското друштво на композитори, автори и издавачи под имињата Џегер-Ричардс беа пријавени следниве песни:
- „Angry“ (со Вотс)
- „Bite My Head Off“
- „Depending On You“ (со Вотс)
- „Dreamy Skies“
- „Driving Me Too Hard“
- „Get Close“ (со Вотс)
- „Live by the Sword“
- „Mess It Up“
- 2Morning Joe Cues“
- „Sweet Sounds of Heaven“
- „Tell Me Straight“
- „Whole Wide World”
Со оглед на тоа дека дури и во огласот се најавува дека „стакларот“ отвора во септември нема да треба да чекаме речиси воопшто. „Hackney Diamonds“ e 31-ви студиски албум на групата и прв без тапанарот Чарли Вотс кој почина во 2021, пишува Standard.
1 comments