AQUA ја носи Барби на турнеја

Данско-норвешкото поп трио AQUA ја најави својата турнеја. Турнејата ќе ги израдува љубителите на денс-поп музика од 90-тите. Еден од најголемите хитови на групата е „Barbie Girl“. Големата популарност на неодамна објавениот филм „Барби“ е одличен момент и добар предуслов за успешна музичка турнеја. Дополнително, насловната песна од филмот „Barbie World“ на Ники Минаж (Nicki Mina) и Ајс Спајс (Ice Spice) што користи делови од песната на AQUA е одличен ветер во грб за нивната престојна турнеја.

Работиме на ова веќе 27 години! Настапивме пред полна сала во Њујорк и Лос Анџелес ова лето е остварување на нашиот сон, тоа што може да направиме турнеја низ целата земја е скорз лудо. Едвај чекаме да ги сретнеме сите за прв пат лице в лице.

велат од AQUA

Американската турнејата започнува на 12 ноември од Paramount Theatre и ќе трае до 20 декември. Ако нема непредвидени промени последниот концерт ќе се одржи во Лос Анџелес во Hollywood Palladium. За време на турнејата групата ќе настапи на 20 локации.

Групата оваа година веќе имаше настапи во Њујорк и Лос Анџелес.

Кои се AQUA?

AQUA e формирана во 1994 година од вокалистите Рене Диф, Лене Нисторм, клавијатуристот Сорен Растед и гитаристот Клаус Норен кој веќе не е дел од групата. Започнаа да работат под името Joyspeed, но набрзина го променија во AQUA. Групата се прослави во втората половина на 90-тите и на почетокот на 2000-тите. Издадоа 3 албуми Aquarium, Aquarius и Megalomania. Нивните албуми и синглови се продадени во 33 милиони копии. AQUA е најпрофитабилната данска група во историјата. Нивната најпопуларна песна „Barbie Girl“ беше на врвот на топ-листите во 20 држави, а беа продадени 10 милиони копии. Популарноста на песната не го израдува Matel – производителот на популарната кукла Барби, кој ги тужеше за нарушување на авторски права. На крај тужбата беше отфрлена.

Покрај „Barbie Girl“ најпопуларни песни на групата се „Doctor Jones”, „Turn Back Time” и „Lollipop (Candyman)“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи