Петтото издание на Андерфест доаѓа, дали сте подготвени?

Петтото изданијена „Андерфест“

Одлична вест за сите љубители на музички настани со алтернативни бендови од Македонија. На 13 октомври 2023 во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје – Македонија, ќе се одржи петтото издание на „Андерфест“ (Underfest 5) – прогресивниот музички фестивал што се одржува секоја година веќе 5 пати по ред во Скопје.

Љубителите на алтернативната рокенрол музика и оваа година ќе имаат можност да уживаат во изборот на организаторите на фестивалот. Организаторите на фестивалот се убедени дека изборот оваа година ќе ги задоволи различните вкусови на публиката.

Андерфест е помал, но одличен фестивал за рок и алтернативна музика. Последниве неколку години е препознатлив помеѓу младите уметници и младата публика. Фестивалот како и досега и оваа година го прославува талентот и креативноста на младите музичари. Овој фестивал е уште еден од оние кои се издвојува како место каде што младите бендови може да се изразат и да се претстават пред публиката во живо. Организаторите на фестивалот имаат одличен сенс при креирање на програмата на фестивалот, поточно при изборот на бендовите.

На петтото издание на Андерфест ќе настапат:

  • Преку ред
  • Ред 18
  • Конспираси
  • Луфтанза
  • Пич Ваис
  • Последен удар

Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?

прашуваат организаторите од Андерфест

Продажбата на билети е веќе започната. Билетите може да се купат преку онлајн продавницата на МКЦ.

Картите чинат 400 денари, но најбрзите 100 ќе можат да ги купат за 300 денари. Билети ќе се продаваат и на денот на концертот и ќе чинат 500 денари.

За повеќе информации за настанот, следете го Instagram профилот на Underfest.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи