„1%“ од Surreal е неговиот нов сингл

Surreal - 1%

„1%“ од Surreal е неговата нова песна објавена и достапна на Јутуб каналот FYD (Fuckyourdreams). Сопственик на FYD е Сурил.

Сурил има 3 албуми во неговата кариера. Има песни кои се познати кај младите низ целиот балкан. Песните имаат милионски прегледи. Најпознатата негова песна „Будва, Копаоник“ е соработка со српскиот артист Мили (Mili) и број повеќе од три милиони прегледи. Битот на таа песна е направен од македонскиот артисти Инсерта (Inserta).

Текстот на песната „1%“ е на Филип Арсенијевиќ (Surreal) кој ги пее и вокалите. Урош Курандиќ (Куки) е заслужен за аудиомиксот и мастерингот.

Филип Арсенијевиќ или Surreal е српски рапер кој се бави со музика уште од 2010 година. Тој неодамна доби нов член во фамилијата. Тој сподели слика на социјалните мрежи од неговата новородена ќерка на што доби честитки од неговите обожаватели и некои од неговите колеги изведувачи.

„1%“ од Surreal е достапна и на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи