Фико ја објави својата нова песна кратко после последниот сингл „Ганга“. Името на новата песна е „Јуриј Гагарин“. Оваа песна беше најавувана на социјалните мрежи пред објавување на песната „Ганга“, сепак „Ганга“ беше објавена прва.
Фико е млад скопски артист кој зад себе има многу синглови и еден албум. Тој е роден 2005 година и е дел од Горила ТВ (Gorilla TV) повеќе од 3 години. Неговата прва песна на Горила ТВ е „Полноќ“.
Песната има анимирано видео (visualizer) направено од Nic Design. Видеото е објавено на каналот на Горила ТВ.
Синглот е целосно на Филип Андреев (Фико). Тој е автор на музиката, текстот, битот, аудиомиксот, мастерингот и логично тој ги пее вокалите. Ова не е прв случај за Филип Андреев. Тој има и други песни кој ги правел тотално сам.
„Јуриј Гагарин“ е достапна и на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music).