Inserta со нов сингл „Rihanna“

Inserta - Rihanna

Insertakick или по ново Инсерта (Inserta) ја објави својата нова песна. „Rihanna“ од Инсерта е сингл што младиот Јован Стојчевски го објавува по скоро една година од неговата последна песна „БББ“ што е соработка со Шаро (Sharo). „Rihanna“ е името на новата песна која е објавена на Јутјуб каналот на Горила ТВ (Gorilla Tv).

Инсерта е еден од најпопуларните артисти во земјава, а има издадено неколку песни , како што се „Дива“, „Лила“, „Cover Polo“ и најпопуларната „Далеку е боље“. Тој е познат по неговите привлечни ритмови и харизматичната карактер.

Инсерта долго ја најавуваше песната „Елмас“, но таа остана во фиока (необјавена). Иако „Rihanna“ не беше очекувана имаше позитивни коментари на социјалните мрежи.

Видео спотот е достапен на Јутјуб. Погледнете:

Текстот на новата песна „Rihanna“ од Инсерта е на Јован Стојчевски (Инсерта) и  Антонио Стојановски (Бонтони). Автор на битот е Zoofa. Аранжманот е на Јован Стојчевски како и музиката. Аудиомиксот и мастерингот се на Марио Јелиќ (Кун) и Марио Николовски (Sharo).

Песната е достапна и на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music).

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи